YouTube Music доби можност корисниците малку подобро да го искористат и насочат одличниот алгоритам на сервисот и да креираат своја таканаречена радио станица. За разлика од досегашната можност да се избере некоја песна, па да се остави алгоритамот да предложува слични, новата функција овозможува повеќе избор.
Сега корисниците можат да изберат повеќе групи, односно изведувачи, па потоа да изберат колку сакаат овие групи да бидат избрани од алгоритамот, односно дали повеќе или помалку. Потоа се бира и колку непознати за корисникот песни да се пуштаат и на крај може да се изберат и неколку филтри за популарност, кога се пуштени песните и слично.

По „штелување“ на изборот, односно давање на насоки на алгоритамот, YouTube Music креира радио станица, односно „плејлиста“ и истата треба да е доста поблиску до вкусот на корисникот од било кои досега.
Оваа нова функција може да се најде на главната страна од апликацијата, во дел наречен „Create a radio“, „Your music tuner“. Се притиска на + копчето, па може да започне изборот.