Во одговор на објава од Twitter, Елон Маск потврди дека се планира ограничување на можноста за испраќање на директни пораки на мрежата. Пораки ќе може да се испраќаат само на корисници кои ве следат, а ова ќе треба доста да ги намали спам пораките.
Ова правило нема да важи за корисниците на Twitter Blue претплатата, за која сепак се смета дека овозможува гаранција дека на неа нема ботови и други спам сметки.
Покрај тоа што ја потврди оваа информација и најави дека се надева дека ќе биде пуштена наскоро, Маск истакна и дека единствените друштвени мрежи кои ќе преживеат се тие кои ќе бараат верификација на своите корисници. Според него, системот за наплата, каков што е Twitter Blue сега, е еден начин на верификација кој исто така ги зголемува трошоците на бот сметките за 10.000 пати.
Оваа одлука сигурно нема да им се допадне на Twitter корисниците кои работат со рекламирање на производи. Овие корисниците сега ќе мора да плаќаат за Twitter Blue доколку сакаат да продолжат да ги испраќаат своите промотивни пораки до корисниците кои не ги следат.