При воведувањето на известувања при споделување на стари новости, Facebook најави дека нешто слично планира и за статиите поврзани со COVID-19. Од оваа недела, кога корисниците ќе сакаат да споделат некоја статија поврзана со COVID-19, прво ќе им се појави дел со додатни информации пред да можат да продолжат со споделувањето.

Информациите кои ќе им бидат прикажани на корисниците при споделувањето се поврзани со изворот на статијата, како и кога истата е првпат објавена. Повторно идејата е да не се споделуваат стари вести, нешто што кога е во прашање COVID-19 прави голема разлика.

Вирусот е нов, па тоа што се знае денес за него, веќе може да не биде точно или релевантно идниот месец.

Покрај тоа, од Facebook се надеваат дека ќе се намали бројот на споделени неточни информации ако корисниците бидат потсетени од кого е оригинално објавена веста, но не сме сигурни дека тоа ќе има ефект кај голем број од тие кои сакаат да споделуваат „ексклузивни“ статии.

Информациите за објавата што се споделува нема да се прикажуваат доколку корисникот споделува нешто што е објавено од властите во неговата земја, како и од Светската Здравствена Организација. Поради големиот број на извори на информации за COVID-19, од Facebook сакаат да промовираат споделување на официјални информации кои доаѓаат од официјални извори.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРегионално истражување: Скоро половина од потрошувачите во Македонија го сметаат биометриското плаќање за побрзо и поедноставно отколку користење на лозинка
Следна статијаGoogle Phone апликацијата достапна и за другите телефони покрај Pixel
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.