newsfeed_preferences_home

Листата со новости (newsfeed) на Facebook е полна со разни објави од вашите пријатели, како и страните кои што ги следите и групите во кои што членувате. Во денешно време бројот на нови објави е толку огромен, скоро е невозможно да видите се што се објавува од вашите пријатели и страни.

Facebook овој проблем го решава преку филтрирање на тоа што ви го прикажува со нивниот веќе познат алгоритам. Алгоритамот се разбира е тука и за да им помогне во целта за поголема заработка, меѓутоа факт е и дека е потребна некаква филтрација поради големиот број на новости.

Алгоритамот на Facebook одлучува да ви прикаже нешто, иако пријателите имаат поголем приоритет, зависно од тоа колку често имате интеракција со објавите, односно колку често кликате на одредени објави и линкови, колку често лајкувате и коментирате и слично.

Пред одреден период Facebook воведе дополнителен дел во прилагодувањата наречен News Feed Preferences, преку кој што можете да видите кои се објавите кои што најчесто ги имате видено на вашата листа со новости, кои се луѓето и страните кои што имате престанато да ги следите, а сето тоа може да се види и посебно за пријателите, страните и групите.

Од оваа недела Facebook ја подобрува оваа алатка со повеќе и подобро организирани можности за избор што е тоа што сакате да го гледате на вашата листа со новости. Алатката, се’ уште наречена News Feed Preferences, од денес треба да биде достапна за Facebook апликацијата на iOS, додека во наредните недели ќе биде овозможена и за корисниците на Android и десктоп преку веб.

newsfeed_preferences_seefirst

Главниот дел од News Feed Preferences е можноста за избор на што е тоа што сакате да го гледате прво, односно на врвот од листата (Prioritize who to see first). Во овој дел ќе ви бидат прикажани вашите пријатели, како и страните кои што ги следите, па со едноставно притискање на нивната слика, ќе бидат означени како приоритетни и во вашата листа со новости ќе ги гледате прво објавите од нив.

По завршување на новостите од приоритетните пријатели и страни, листата со новости продолжува да ви прикажува новости како и досега.

newsfeed_preferences_follow_unfollow

Останатите делови од алатката се слични на досега достапните, односно можете да изберете личности и страни кои што би сакале да престанете да ги следите, како и да повторно почнете да ги следите тие кои што сте престанале порано.

newsfeed_preferences_discover_pages

Алатката исто така ви нуди и предлози за страни кои што би можеле да ги следите, со цел за добивање на саканата содржина преку Facebook. Предлозите се прават врз основа на другите страни кои што ги следите, како и лајковите кои што ги ставате и коментарите кои што ги правите.

Во оваа прилика би сакале да ви предложиме да го додадете Смартпортал, меѓу другите, во листата за прикажување на листата со новости и со тоа да не пропуштите ниту една новост.

Извор: Facebook

Претходна статијаНови информации за Galaxy Note 5 и S6 Edge Plus
Следна статијаOnePlus 2 ќе чини под 450 долари и ќе има 4 GB рам
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.