psy-gangnam-screenshot

Ако се земе во предвид популарноста на ова музичко видео, сигурно може да се каже дека нема некој кој го нема гледано. Gangnam Style од Psy беше објавено во 2012 година и од тогаш ги руши сите рекорди на YouTube. Пред некое време стана првото видео кое што има повеќе од 2 милијарди прегледи, а овој период истото ја надмина максималната бројка која што може да ја прикаже бројачот на прегледи на YouTube.

Музичкото видео од овој корејски поп изведувач стана познато низ целиот свет и еден период немаше кој не го пушташе во разни пригоди. Излегоа и многу видеа на кои што луѓе се снимаат како го играат специфичниот стил на играње во спотот, а можеше да се види и во детски приредби и разни други ситуации.

Максималниот број кој што може да го измери бројачот на YouTube е 2.147.483.647 во неговата 32-битна форма. Оваа бројка е надмината од ова видео, па Google мора да го надгради својот систем за да може да продолжи да ја прикажува точната бројка. Доколку моментално поминете со маусот врз бројката поставена е анимација која што ги врти бројките како jackpot од казино машините.

Извор: Google

Претходна статијаТехнолошка невработеност: Адаптација и соочување со предизвикот
Следна статијаGoogle претстави поедноставен CAPTCHA систем за заштита од ботови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.