Поради проширување на снимки и информации поврзани со корупциски скандали кои што станаа актуелни во изминатиот период во Турција, тамошната владата почна со блокирање на социјалните мрежи каде што информациите беа поставувани. Прво беше блокиран Twitter, за после една недела да биде блокиран и видео сервисот YouTube. Блокадата на Twitter беше тргната после одлука на локален суд, а иста таква одлука беше донесена и за YouTube. Меѓутоа одлуката потоа беше променета, па блокадата на YouTube остана, со објаснување дека ќе остане додека не бидат тргнати спорните содржини.
Од Hurriyet Daily News известуваат дека поради останувањето на блокадата до нивниот сервис, од Google решаваат да поднесат жалба до судовите во оваа земја. Се работи за жалба до Уставниот суд на Турција за блокирањето на YouTube сервисот во земјата. Исто така поднесена е тужба до Четвртиот Административен Суд во Анкара за укинување на блокадата. Покрај до овие две судски установи, поднесена е и жалба до локалниот суд кој што ја носи одлука за тргање на забраната, а потоа ја менува и продолжува блокадата.
Извор: Hurriyet Daily News