Преку видео објава, поточно „reel“ објава на Instagram, главниот на мрежата, Адам Мосери, најави нова функција која стана достапна за корисниците. Истата овозможува пристап до историјата на гледани Reels видеа, нешто што одамна е потребно и доста корисно.
Корисниците веќе не мора да ги зачувуваат видеата кои би сакале да ги гледаат повторно или да ги споделат со пријателите, па едноставно можат да ја погледнат листата на гледани видеа и да го најдат тоа кое го бараат.
Ова е дури и покорисно од нивното зачувување поради тоа што во процесот на разгледување на историјата, може ќе се открие и некое дополнително видео за споделување.

Новата функција во прилагодувањата е наречена историја на гледање, односно „Watch history“, а до истата се пристапува преку Settings > Your activity > Watch history.
За потсетување, до Settings се доаѓа со притискање на сопствениот профил, односно на мала сликата, па на копчето со три линии.
Покрај разгледувањето на видеата според времето кога се гледани, достапни се и неколку филтри за промена на времето, за избор на дата, па дури и точна дата, како и според авторот, односно профилот кој го има објавено видеото.











































