За време на својата F8 конференција, Facebook најави и новини поврзани со единствената друштвена мрежа која успева да им конкурира, а е во нивна сопственост, Instagram. Се работи за новини кои ќе станат дел од апликацијата во периодот што следи, а истите ги вклучуваат следните:

ВИДЕО РАЗГОВОРИ

Ако немавме доволно апликации кои овозможуваат видео разговори помеѓу корисниците, еве и уште една. Instagram ќе им овозможи на своите корисници да покрај стандардните текстуални разговори, односно разговори со слики, можат да прават и видео разговори помеѓу еден или повеќе пријатели.

Сепак, да не биде дека ја критикуваме оваа новост, таа сепак е наменета за оние корисници кои најмногу ја користат оваа мрежа, па повеќе би сакале сите свои разговори да можат да ги прават преку неа.

Новата можност ќе биде достапна преку нова „камера“ икона која ќе биде поставена на горниот десен агол од корисничкиот интерфејс додека е вклучен некој директен разговор. Бројот на пријатели кој ќе може да се вклучат во разговор ќе биде ограничен, меѓутоа не е истакната бројката во овој момент. Разговорите, како што истакнуваат од компанијата, ќе може да траат неограничено, а видеото ќе може да биде минимизирано со цел правење на други активност на Instagram апликацијата додека трае разговорот.

НОВ И ПОДОБРЕН „EXPLORE“ ДЕЛ

Explore делот е одлично место за пронаоѓање на нови работи кои би сакале да ги следиме или едноставно пронаоѓање и на нови пријатели. Во него се прикажуваат слики од кориснички сметки од целиот свет, а се прилагодени на интересите на корисникот.

Овој дел ќе биде редизајниран за да прикаже повеќе, односно поконкретни информации. Тоа ќе го постигне преку поделба на прикажаните информации според теми кои ќе може да се изберат на горниот дел од листата.

СПОДЕЛУВАЊЕ ВО STORIES

Ова е една од оние можности кои нема баш да биде корисни за нас во Македонија, но сепак да ја објасниме како дел од веста. Корисниците добиваат можност да споделат директно во нивните Stories од апликации како Spotify и GoPro, на почеток. Од овие апликации корисниците ќе можат да споделат која песна ја слушаат или што имаат снимани со нивната GoPro камера, директно во нивното Story.

CAMERA EFECTS PLATFORM

Instagram ќе ја отвори својата апликација и за „трети страни“ и ќе им овозможи да креираат сопствени филтри, стилови на текст, стикери и слично. Поточно, секој корисник кога ќе забележи нов таков ефект или стикер кај некоја од корисничките сметки која ги следи, ќе може да ја додаде и кај него.

Сите овие нови функции на Instagram ќе станат достапни во периодот што следи, па сите корисници ќе може да почнат да ги користат.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаНовото издание на CodeFu ќе донесе адреналин во програмирањето
Следна статијаFacebook конечно воведува „Dating“ дел на нивната огромна друштвена мрежа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.