heartbleed

Како што можевте да прочитате пред некој ден, оваа недела е откриен голем пропуст во OpenSSL, софтвер кој што се користи за енкриптирање на комуникацијата на веб страните. Ова едноставно кажано ја отвора оваа комуникација, која што треба да е заштитена, за пресретнување и злоупотреба. Компаниите веќе ги презимаат потребните чекори, односно закрпи за заштита од овој сигурносен пропуст, меѓутоа дури по нивното средување вашите лозинки може да бидат искористени доколку биле пресретнати. Затоа се препорачува да ги смените вашите лозинки на сервисите кои што ги користите, а биле ранливи на пропустот.

Од листата која што ја има изготвено Cnet порталот и продолжува да ја ажурира, може да се видите дека препорачливо е да ги смените вашите лозинки на следните веб страни: Facebook, Google, YouTube, Yahoo, Wikipedia, Bing, Pinterest, Instagram, GoDaddy, Vimeo, Flickr, Dropbox и повеќе.

Претходна статијаКонцепт на интерактивни плочки во Windows
Следна статијаКампања за јавно собирање средства за Novena Open лаптоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.