Концептот е направен од страна на 1910 Design & Communication, студио за графички дизајн. Поаѓа од фактот што од почетокот на користење на email во комуникацијата, резолуцијата и големината на екраните е значително зголемена, со што форматот во кои што се прикажани пораките, нивната организираност, големина на фонт и слично не овозможува лесно читање на пораката. Тие сметаат дека најважната работа во една email порака е текстот кој што треба да го прочитате, па затоа истиот треба да биде направен за што полесно читање.
Тие не предлагаат конкретно како некој од достапните webmail сервиси или десктоп email клиенти треба да изгледаат. Сметаат дека тие сите во основа ја вршат работата на ист начин, па овој концепт може да се каже дека се однесува генерално за сите и се надеваат дека ќе биде прифатен во одреден дел.
Поточно како што можете да видите од сликата, овој концепт се карактеризира со едноставен дизајн, без многу додатни работи кои што се сметаат за непотребни при читањето и пишувањето на email порака, односно акцентот е ставен на текстот. Истиот е направен со поголем фонт, во случајот Minion Pro фонтот кој што е поставен во големина од 22 px. Ширината на делот за пораката изнесува 700 px, што во просек овозможува по околу 12 зборови во секој ред од пораката, што според дизајнерите на проектот значително го олеснува читањето. На десната страна се поставени папките, односно листата со пораки. На годниот дел посебно се поставени неколку потребни копчиња за работа со email клиентот.
Извор: 1910 Blog