Денеска ќе ви претставиме нов македонски сервис корисен за љубителите на спортското обложување. Се работи за MaxBet.mk преку кој што на лесен и едноставен начин можете да ги прегледувате тековните фудбалски натпревари, да креирате тикет и да ја пронајдете обложувалницата која ви носи најголема добивка.
Отсега не ви е потребен билтен и дигитрон за да ја пресметате добивката на вашиот тикет. Со помош на сервисот едноставно се внесуваат саканите натпревари и добивката автоматски се пресметува со секој внесен натпревар. Дополнително се пресметува и данокот од 10% на добивката, кој неодамна беше донесен. На овој начин имате постојан преглед на добивката и за тоа колку таа изнесува во секоја обложувалница, нешто што не беше можно да се увиди лесно досега. Кога ќе го креирате вашиот тикет и одлучите во која обложувалница сакате да уплатите, за да ги добиете уникатните шифри за натпреварите од соодветната обложувалница, едноставно кликнувате на нејзиното име и тие автоматски се добиваат. Сервисот има и своја мобилна верзија што овозможува да имате пристап до билтените од сите обложувалници каде и да одите. На почетната страна се пристапува до туторијал, кој на интерактивен начин ќе ве води низ страната и детално ќе ви објасни како таа се користи.
Сервисот може да биде дополнително корисен во иднина кога ќе се појави најавениот сајт на државната лотарија за онлајн обложување на спортските натпревари. Имено владата најави дека ќе го забрани пристапот на македонските граѓани до странските сајтови за обложување, поради големиот излив на пари од државата и ќе пушти во употреба државен сервис како нивна замена. Од друга страна, на приватните македонски обложувалници , како и досега, нема да им биде дозволено да ја нудат нивната услуга на интеренет, па сервисот ќе го олесни увидот на коефициентите и од приватните обложувалници.
MaxBet.mk константно ќе се надополнува со нови функцоналности. Во план е додавање на пресметка на систем кој е доста чест вид на обложување, но корисниците не ја пресметуваат добивката поради големиот број на пресметки кои треба да се направат. Тие ја дознаваат точната потенцијалната добивка на системскиот тикет дури откако ќе го уплатат истиот. Други функционалности кои ќе бидат додадени се можност за зачувување и споделување на тикети со останатите корисници, корисни статистички податоци, резултати во живо итн.