FREAK, односно Factoring attack on RSA-EXPORT Keys е сигурносна слабост која што овозможува напаѓачот да ја пресретне HTTPS комуникацијата помеѓу компјутерот и серверите, и да ги натера да користат послаба енкрипција. На тој начин напаѓачот може да добие пристап до податоците кои што се разменуваат, односно да ја следи комуникацијата која што треба да е заштитена.
Оваа сигурносна слабост, односно бубачка беше откриена минатата недела, а интересното е што скоро и да нема платформа која што не е зафатена од истата. Тоа значи дека FREAK може да претставува потенцијален проблем за корисниците на Windows, Android, OS X, iOS.
Оваа недела беа издадени закрпи од страна на Microsoft и Apple кои што ја исправаат оваа сигурносна слабост. Според информациите, закрпите го решаваат проблемот на Internet Explorer и на Safari, додека Chrome издадоа своја закрпа уште минатата недела, а Firefox наводно не ни биле подложни на проблемот.
Закрпата од страна на Microsoft беше издадена како дел од patch Tuesday и беше дел од поголема надградба.
Закрпата за iOS е дел од најновата верзија од оперативниот систем 8.2, па корисниците и на оваа платформа нема да треба да се грижат. Chrome иако беше закрпен на своите десктоп верзии, сепак тоа се’ уште не е случајот со мобилната верзија на Android, а нема информации кога истото е планирано.
Корисниците можат да проверат дали нивниот интернет прелистувач е подложен на бубачката или е сигурен за користење. Тоа може да се направи преку посебната страна за таа намена преку следниот линк https://freakattack.com/.
Извор: TNW, ArsTechnica