Можноста за блокирање на корисници на останатите поголеми социјални мрежи постои веќе подолго време. Меѓутоа можеби поради типот на социјална мрежа која што е LinkedIn, односно професионална мрежа за деловни контакти, од таму сметале дека оваа можност нема да биде потребна.
Сепак од минатиот месец можноста за блокирање на корисници е додадена и на оваа мрежа, после петиција која што беше организирана на интернет. Луѓето кои што се имаат потпишано на петицијата кажуваат за случаеви кога биле следени и контактирани (stalked) од бивши колеги. Од LinkedIn изјавуваат дека оваа можност ја воведуваат не само поради тоа што корисниците ја имаат барано, туку затоа што требало да биде направено. За да блокирате одреден корисник потребно е да отидете на неговиот профил и да притиснете на Block or report можноста која што се наоѓа на менито до кое што се пристапува преку стрелката која што се наоѓа до копчињата на почетокот од профилот. Кога ќе блокирате некој корисник, истиот можете да го одблокирате преку сетинзите во вашиот профил. Можноста за блокирање е ограничена на 50 корисници. Кога ќе блокирате некој корисник се случуваат следните промени:
- Нема да можете да пристапите до вашите профили, односно корисникот до вашиот и вие до неговиот
- Нема да можете да си испраќате пораки
- Доколку сте биле поврзани, односно во листа на пријатели, после блокирањето поврзаноста е исклучена
- Отстранети ќе бидат сите одобрувања и препораки од тој корисник
- Нема да може да се видите во „Кој го има гледано мојот профил“
- Нема да бидете вклучени во препораки како „Луѓе кои што можеби ги познаваш“ и „Луѓето исто таа имаат гледано“.
Се разбира, информациите на вашиот профил кои што се јавни, блокираната личност сеуште ќе може да ги види.
Извор: LinkedIn