image_win8_tab_5cols

Некористењето на антивирусна заштита повеќе не е опција. Доколку поседувате компјутер без заштита, неопходно е инсталирање на анти-вирус, бидејќи дури и ако не се грижите за приватноста, вашиот компјутер може да се употреби за дистрибуирани Denial of Service (DoS) напади.

Пазарот е преплавен со анти-вирусни производи кои може да го заштитат вашиот компјутер, така што се јавува дилемата за избор на вистинскиот продукт. За да привлечат внимание, многу софтверски компании за сигурност нудат подобрени решенија кои можат да направат многу повеќе од само да го скенираат вашиот компјутер. Тие може да ви понудат вградени родителски контроли, контроли на приватност, анти-вирусен софтвер за смартфони, па дури и заштита од крадење на идентитет.

AV-TEST институтот е водечки интернационален и независен сервис провајдер во областа на IT сигурноста и анти-вирус истражувањата. Негова главна цел е директно детектирање на малициозен софтвер, анализа со највисоки технолошки методи и информирање на корисниците за добиените резултати. Овој институт врши рангирање на антивирусниот и сигурносниот софтвер за Microsoft Windows и Android оперативните системи според повеќе критериуми.

AV-TEST врши регуларно рангирање на антивирусните производи според заштитата, перформансите и корисноста. Заштитата се однесува на блокирањето на малициозни напади, перформансите се поврзуваат со минимизирање на употребата на системските ресурси, а корисноста зема во предвид повеќе фактори како лажно позитивните резултати. За секоја категорија можат да се добијат до 6 бодови, а вкупниот максимум е 18 бодови.

Во периодот меѓу септември 2013 и февруари 2014, експертите од лабораториите на AV-TEST спровеле комплексни тестирања на 24 решенија за интернет сигурност. При тоа секогаш била користена најчесто достапната верзија за јавноста и било дозволено ажурирање на софтверите. Фокусот бил ставен на реални тест сценарија, каде производите можеле да ги покажат своите способности.

Сите пакети за заштита поминале три теста во времетраење од два месеца на оперативните системи XP, Windows 7 и Windows 8.1. Основната заштита обезбедена од Windows, била искористена за да обезбеди основна вредност за споредба во секој од тие тестови, во форма или на Windows Defender или на Security Essentials во комбинација со Windows Firewall во зависност од системот.

Најзначајната категорија е заштитата, а вкупниот резултат е базиран на комбинирана детекција на малициозни содржини во тест од реалниот живот и при анализирање на референтни вредности. Детектирањето на референти вредности е задолжително за секој производ, а тестирањето за идентификување на 400 нови непознати малициозни содржини е слободен избор. Тестирањето со референтниот сет бара производите да детектираат речиси 60.000 познати и широко распространети малициозни софтвери без грешка.

Само пакетите на Bitdefender, F-Secure, Kaspersky Lab, G Data, Trend Micro и Comodo успешно детектирале 400 непознати малициозни содржини без да направат грешка.

Ни најдобрата заштита нема да му помогне на корисникот доколку таа ја успорува работата на системот, па затоа многу битен критериум е и оптоварувањето на системот. Во оваа категорија најдобри резултати покажа Кaspersky, а Bitdefender е веднаш зад него.

Во третата категорија само три производи покажаа послаби резултати, а преостанатите 21 производ одлично се справиле со правилно препознавање на 860 000 незаразени програми.

av-tests-table

Тестирањата резултирале во следниве рангирања:

Според резултатите на првото место се најде Kaspersky Lab Internet Security кој речиси го достигна максимумот со освоени вкупно 17.8 поени. Софтверот обезбедува единствена безбедна технологија за финансиски трансакции, иновативна хибридна заштита, заштита на идентитетот и приватноста, предупредувања за опасни сајтови и напредна родителска контрола. Достапен е по цена од 59 американски долари за еден уред на годишно ниво.

Второто место му припадна на Bitdefender, кој освои 17.5 поени. Ова е одлично решение за моќна сигурносна заштита со минимално влијание на перформансите на компјутерот. Се карактеризира со ненаметлива и екстремно брза технологија за скенирање која нуди подобрена тивка заштита против електронски закани. Достапен е за 59 американски долари на годишно ниво за 3 уреди.

Софтверот на Avira кој е достапен по цена од 35$ годишно за еден уред, се најде на третото место според спроведените тестирања. Се карактеризира со обезбедување мулти-платформна безбедност и новитети во заштитата во реално време.

Подолу можете да ги погледнете рангирањата, а повеќе информации се достапни на http://www.av-test.org/en/home/.

Претходна статијаAUGMENT – Интересна футрола и полнач за iPhone
Следна статијаWindows XP надградби преку промена во регистарот