netflix-everywhere-1

За време на нивната презентација на CES 2016 настанот, од Netflix најавија дека од оваа недела овој познат сервис станува достапен во целиот свет, односно скоро во целиот свет, со вклучување на повеќе од 130 нови земји, носејќи ја бројката на 190.

Она што е најважно и сигурно ги интересира повеќето е дека, да, Netflix сега е достапен и во Македонија.

Netflix е еден од најпознатите сервиси кој што нуди стриминг на филмови и серии. Познат е по квалитетот на содржината, како и големиот избор на нови филмови и серии.

Она што би сакале веднаш да нагласиме е дека ова сепак не значи дека сите серии и филмови ќе бидат достапни во целиот свет, а со тоа и во Македонија. Одредена содржина за која што се платени авторски права само за одредени земји, нема да биде достапна насекаде. Ние веќе забележавме дека недостигаат одредени серии кои што ги следиме.

Она што е добро е што сите нови корисници го добиваат првиот месец бесплатно, по што можат да се откажат доколку не им се допадне сервисот. Цените се на месечно ниво и ќе ве чинат како уште една претплата за кабловска и нешто повеќе. Достапни се три пакети, а истите доаѓаат со следните услови:

  1. Цена 7,99 евра месечно. Нуди можност за гледање на 1 уред во исто време, без можност за HD или Ultra HD квалитет
  2. Цена 9,99 евра месечно. Можност за гледање на 2 уреди во исто време со HD квалитет
  3. Цена 11,99 евра месечно. Можност за гледање на 4 уреди во исто време во HD и Ultra HD квалитет.

Си било кој пакет следува неограничено гледање на целата достапна содржина, односно нема ограничување на бројот на прегледани серии и филмови.

Она што треба исто така да се знае е дека ваквите сервиси трошат доста голем дел од вашиот интернет сообраќај. Доколку сакате да гледате во најдобар квалитет, би потрошиле околу 3 GB на час, односно дури и до 7 GB на час доколку гледате содржина во Ultra HD квалитет. Гледањето на среден квалитет троши само 700 MB на час.

Во периодот што следи можете да очекувате статија во која што ќе направиме споредба на достапните филмови и серии на Netflix во споредба со Pickbox сервисот од Хрватска кој што е достапен за балканските земји.

Извор: Netflix

Претходна статијаИнтел носи неверојатни искуства на Consumer Electronics Show
Следна статијаТехнологијата и здравиот живот – дел 3 – Паметни практики и трикови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.