ooberdocs
Слика: TechCrunch

Ooberdocs е сервис кој што ги поврзува вашите email сметки со вашата Dropbox сметка и секоја пристигната email порака која што содржи прикачен фајл, истиот го зачувува во некоја од вашите папки во облакот, односно ја избирате саканата папка во Dropbox. Со ова овој сервис се надева дека ќе воведе ред во фајловите кои што ги добивате преку email и секогаш ќе бидат достапни на едно место, а и од секој ваш уред поврзан со облакот.

Во оваа почетна фаза сервисот нуди можност за поврзување само со Dropbox сервисот, но најавуваат поддршка и за OneDrive и Google Drive во иднина. Од email провајдерите, поддржани се Gmail, Hotmail, Outlook, Yahoo Mail и ваш посебен email преку поврзување на POP3 сметка. Според информациите, а поради фактот што сервисот е се’ уште во бета верзија, поврзувањето со Yahoo Mail може да направи проблеми за одредени корисници, меѓутоа останатите работат без проблем.

OD Setup Graphic

Ooberdocs сервисот е претставен на Disrupt настанот кој што традиционално го одржува TechCrunch порталот од 2011 година во New York, но и други градови. На овој настан развивачите на производи и сервиси имаат можност да ги прикажат истите пред големиот број на инвеститори кои што се присутни на настанот.

Извор: TechCrunch, Ooberdocs

Претходна статијаHuawei го претстави Ascend P7, својот најнов модел од високата класа
Следна статијаMink: 3D принтер за шминка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.