Instagram го зголемува бројот на учесници при емитувањето во живо, па сега корисниците можат да додадат уште тројца, наместо уште еден учесник. Новата можност има е посебно име и е наречена Live Rooms.

Од Instagram истакнуваат дека со ова ќе се отворат повеќе креативни можности, како на пример „talk shows“, можност за свирење заедно на групи и слично. Додатно, креаторите добиваат можност да ја прошират својата публика поради тоа што сите следбеници на тие што се приклучуваат во разговорот, добиваат известување за емитувањето во живо.

За да се започне Live Room, објаснуваат од Instagram, се што треба е да се повлече лево на главниот екран од апликацијата, каде се достапни и другите функции, па да се избере Live камерата. Тука ќе може да се избере име на „собата“, по што може да се додадат уште тројца учесници.

Додавањето на учесниците може да се прави постепено, односно не мора да се приклучи максималниот број, со што се отвара и можноста за приклучување на некој корисник како изненадување за време на емитувањето.

Ова е уште една можност кај друштвените мрежи која е популарна поради корона кризата, која доведе до побрз развој на новини кај онлајн сервисите, а посебно тие за видео разговори или како во овој случај, емитување во живо.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаC SEED M1 е 165 инчен MicroLED телевизор кој се склопува во подот и чини 400.000 долари
Следна статијаiPhone 13 ќе дојде со помал исечок на екранот и 120Hz стапка на освежување кај дел од моделите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.