untiѕгtled

Отсега ќе можете да вметнувате видео на било која интернет-страница директно од Twitter. Ова е последната новост од гигантот во асиметрични социјални мрежи. Twitter официјално станува директен конкурент на YouTube и Facebook на пазарот со онлајн-видео.

Пред кратко време Twitter воведе снимање видео со помош на мобилните апликации, а сега истите тие видеа ќе можете да ги вметнете директно на вашата, или било која интернет-страница преку код што Twitter го дава веднаш.

Ваков потег се очекуваше од компанијата, со оглед на тоа што скоро сите големи компании константно вадат нови услуги и производи на пазарот, така и социјалните мрежи.

Според изворите ова може да биде целосна промена во играта, бидејќи бројот на корисници на Twitter се зголемува.

Со оглед на тоа што Facebook постави многу ограничувања кога станува збор за онлајн-маркетинг, а Twitter се’ уште функционира мошне добро, способноста да може да се вметнуваат видеа од оваа социјална мрежа на било која друга интернет-страница директно ќе има доста голем удар на маркетинг решенијата што ги нудат другите социјални мрежи.

Извори: Mashable

Претходна статијаGoogle го претстави новиот Chromebook Pixel
Следна статијаGmail за iOS 8 со интерактивни нотификации