Фото: Shutterstock.com

Microsoft не планира да се откаже од својата цел да ја купи една од најпознатите компании за игри, Activision Blizzard. Главен кочничар на овој договор остана само британската CMA, чија главна грижа е влијанието на пазарот на стриминг на игри.

Со цел конечно да ги тргне забелешките на CMA, кои продолжија со блокирањето на договорот, Microsoft сега излезе со нов предлог до институцијата. Новиот предлог подразбира префрлување на правата од игрите на пазарот на стриминг на игри на друга компанија, поточно на познатата Ubisoft.

Оваа компанија би ги имала правата на игрите од Activision Blizzard, сите досегашни и во иднина, во наредните 15 години. Microsoft не би имал одлука за тоа каде би биле достапни игрите, а со тоа не би можеле да ги направат ексклузивно достапни само на нивните платформи.

CMA поради ова отвори нова истрага за договорот која планира да заврши до 18 октомври, новиот рок кој го договорија Microsoft и Activision Blizzard за извршување на зделката.

Со оглед на тоа што главната забелешка на CMA е пазарот на стриминг на игри, со овој нов предлог би требало да дадат дозвола за ивршување на договорот, но ќе видиме дали тоа ќе биде така.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple изгледа конечно ќе донесе поголеми брзини на полнење со iPhone 15 серијата
Следна статијаGoogle работи на можноста за сателитска комуникација во Android 14
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.