ballmer

Microsoft дефинитивно не успеа на пазарот на паметни телефони и покрај тоа што имаше неколку години раст на продажбата на Windows Phone, а причината за тоа најверојатно се несогласувањата на најголемите луѓе во компанијата. Имено, во интервју за Bloomberg TV, поранешниот извршен директор на Microsoft Стив Балмер изјави дека имал големи несогласувања со Бил Гејтс, неговиот претходник, околу стратегијата за телефони.

Првиот јаз бил направен со Surface дивизијата, за која Балмер бил прилично агресивен и ја туркал да излезе на пазарот, но останатите директори, меѓу кои и Гејтс, не биле убедени. Потоа, овој јаз продолжил и во стратегијата за телефони – да не ги имало тие проблеми, Балмер многу побрзо ќе влезел на пазарот на паметни телефони.

Проблемот бил во тоа што Microsoft сакал да ја примени истата стратегија како со компјутерите, односно нивниот еко систем за биде отворен за најразлични видови на чипови и системи, но тоа пред нив веќе го направи Android. Балмер бил против ова, односно имал идеја за друг тип на стратегија, која делумно со исполни со Windows Phone 7 и 8.1, но тоа беше веќе многу касно.

Нормално, Балмер призна и дека Windows Vista е еден од главните кривци за неуспехот на другите продукти во Microsoft, а во исто време потрошил и огромен број на ресурси и за подолго време отколку што било потребно. Поточно, Microsoft потрошил многу време и пари на продукт кој на крај се докажа како исклучително неуспешен.

Во врска со купувањето на Nokia, Балмер не смета дека е погрешен чекор и според него тој ќе можеше да успее. На крај, Балмер изјави дека е задоволен со стратегијата на новиот извршен директор Сатја Надела, бидејќи таа за прв пат ги покачи акциите на Microsoft над 60 долари од 1999 година, што е логично бидејќи и тој самиот е еден од најголемите акционери во компанијата.

Извор: Bloomberg, The Verge, Digital Trends

Претходна статијаВозиме.мк – сервис за споделување на патувањата низ државата
Следна статијаApple спрема iPhone кој може да се витка?