Скопје, 11 март 2026 – Македонија ја зацврсти својата позиција на светската технолошка мапа. Тројца истакнати Microsoft сертифицирани тренери (MCT) од тимот на Семос Едукација, се закитија со титулата „Top 100 Quality Award winners“, признание кое Microsoft го доделува на само 100-те најдобри едукатори во светски рамки.
Елена Димовска, Дејан Вакански и Дејан Кумпаниоски се имињата кои стојат зад овој успех. Покрај тоа што овие признанија се нивен личен триумф, воедно се и потврда за врвниот квалитет на македонскиот едукативен кадар кој се натпреварува со милиони професионалци ширум светот.
Наградата се доделува врз основа на ригорозните MTM (Metrics That Matter) анкети, каде самите студенти и професионалци од целиот свет ги оценуваат вештините, знаењето и методологијата на предавање на тренерите. Да се биде во „Топ 100“ во конкуренција на илјадници MCT тренери на светско ниво е доказ за:
- Исклучителна посветеност на едукативниот процес.
- Врвна експертиза во имплементација на Microsoft технологиите.
- Највисоки оценки за квалитет на обука директно од крајните корисници.
„Денес македонското знаење го добива својот највисок меѓународен печат. Горди сме што Елена, Дејан и Дејан се дел од нашиот тим и што секојдневно инспирираат нови генерации ИТ професионалци,“ изјави Ирена Ивановска, сениор директор од Семос Едукација.
Microsoft официјално ќе ги објави победниците во престижниот MCT Lounge, со што македонските тренери стануваат амбасадори на знаењето и квалитетот во глобалната Microsoft заедница.
Овој успех е уште еден доказ дека Семос Едукација останува лидер во ИТ едукацијата во регионот, поставувајќи стандарди кои сега се препознаени и наградени од самиот технолошки гигант Microsoft.











































