Според извори на порталот KitGuru, кои што наводно се запознаени со случувањата, Microsoft размислува за купување на познатата компанија AMD (Advanced Micro Devices). Компанијата е позната по производството на чипови, односно процесори кои што се повеќе го губат пазарниот удел на сметка на тие од Intel.
Microsoft веќе ги вградува чиповите од AMD во нивната Xbox конзола, па според некои тоа би било и до некаде причината зошто се заинтересирани за купување на компанијата. Трошоците кои што ги плаќа Microsoft на други компании за деловите кои што ги вградува во нивните производи, би биле значително намалени доколку се развивани внатре во компанијата.
Сепак, според информациите, оваа гласина може да испадне неточна. Исто така, поради тоа што нема дополнителни информации околу понудата од страна на Microsoft и да се работи за точна информација, не значи дека се работи за нешто повеќе од идеја која што може да не се реализира.
Од KitGuru тврдат дека Microsoft им плаќа на AMD по 100 долари од секој чип вграден во Xbox конзолата. Тргањето на делот од цената кој што е наменет како профит за AMD би ги намалило трошоците за Xbox, а тоа заработката на компанијата би се зголемила или цената на конзолата би се намалила.