Со оглед на тоа што за пролет, исто како и минатата година, се очекува почеток на пад на бројките на нови заразени со корона вирусот, а оваа година тука се и вакцините, Microsoft ќе почне да ги отвора своите канцеларии за враќање на вработените.
Од март минатата година Microsoft донесе одлука за задолжителна работа од дома, освен за тие вработени што мора да бидат присутни. Ова правило од 29 март веќе нема да важи и дел од вработените ќе почнат да се враќаат на работа, со посебни мерки за заштита.
Во дел од светот каде што од компанијата имаат канцеларии, вработените веќе се враќаат на работа, таму каде што има услови за тоа, па сега истиот пример ќе следи и во седиштето на компанијата во Редмонд.

Целосно отворање на канцелариите и враќање на сите вработени се најавува дека може да се случи на почетокот од јули, но тоа ќе зависи од развојот на пандемијата до тогаш.
Некои компании решија да им дозволат на своите вработени кои имаат таква работа, да продолжат да работат од дома неограничено, односно и по завршувањето на мерките поради пандемијата.
Microsoft доста детално го објаснува процесот на враќање на работа во оваа блог објава.