Фото: Shutterstock.com

Microsoft во текот на вчерашниот ден на кратко стана највредната компанија во САД, а местото го презеде од Apple. Ова сепак траеше доста кратко, па Apple се врати на позицијата после 1 час и 20 минути.

Причината поради која Microsoft успеа да го направи ова се гледа во малиот пад на продажбата на iPhone, како и очекувањата дека iPhone 16 нема да придонесе кон измена на оваа ситуација. Овој телефон во главно ќе биде како ланските модели, па затоа и не се очекува некоја посебна популарност, покрај стандардното купување од страна на „фановите“, тие кои имаат постари модели, како и тие кои првпат купуваат iPhone.

Од друга страна, бизнис моделот на Microsoft не се темели на хардверски производи, па иако не може да се каже дека Windows го има првото место во компанијата, тука се сепак сервисите како Microsoft 365 (поранешен Office) и слични.

Microsoft најголемиот дел од своите ресурси изминатите година дена ги насочува кон генеративната вештачка интелигенција, па покрај претставувањето на Copilot, оваа година се очекува дека ќе има уште поголема интеграција, како и во уште повеќе апликации од компанијата.

Apple засега не претставуваат ништо слично, а тоа е и типично за компанијата. Сепак, се очекува дека на WWDC 2024 во јуни, при презентацијата на iOS 18 и другите системи, Apple ќе претстави своја конкуренција на алатките како ChatGPT.

За разлика од останатите, Apple се очекува дека вештачката интелигенција повеќе ќе ја користи кај Siri, како и во неколку од апликациите каде истата би била навистина корисна, но не и во секој можен дел од нивните сервиси и апликации.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаGalaxy S24 повторно доаѓа со посебна верзија на Snapdragon чипот, а оваа година се враќа и Exynos за европските корисници
Следна статијаSamsung на саемот CES 2024 ќе ја претстави новата партнерска програма за додатоци „Креирано за Samsung Gaming Hub“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.