Motorola е новиот спонзор на кошаркарскиот тим Indiana Pacers. Договорот е долгорочен, а американската компанија е првата чие лого ќе стои на дресовите на кошаркарите на Pacers. Дебито на новите дресови беше за време на натпреварот во вторникот против тимот на Cleveland кој беше одигран во Bankers Life Fieldhouse.

Како дел од партнерството, Motorola ја презема обврската да биде генерален спонзор и на специјалната апликација на тимот, која ќе вклучува богата визуелна содржина, стории, видеа, фотографии, информации за натпревари и многу повеќе. Покрај тоа, договорот вклучува покривање на натпреварите во дигитални и социјални медиуми, заедно со возбудливи можности за забава на фановите во иднина. 

При објавувањето на партнерството Rick Fuso, оперативниот директор на Pacers и претседател на спортско-забавниот оддел на тимот, изјави: Од самиот почеток сакавме партнер кој ќе одговара со нашите вредности и култура и Motorola е совршениот избор, тоа го покажува нивното лидерство и возбудливата иднина на мобилните технологии. Слично на начинот на кој Motorola се стреми да ги испорачува најдобрите уреди на пазарот, така и ние ги вложуваме сите напори да обезбедиме прекрасни доживувања за нашите фанови. Со нетрпение очекуваме да ја имаме Motorola како дел од тимот во наредните години, за да ни помогне да стигнеме уште подалеку во комуникацијата со фановите и да обезбедиме раст на брендот низ целиот свет.” 

Сите ние од Motorola сме навистина возбудени да го видиме нашето легендарно лого на дресовите на еден легендарен тим – Indiana Pacers”, изјави Rudi Kalil, потпретседател и генерален менаџер на Motorola за Северна Америка. Сега, откако сме првиот спонзор чие лого ќе биде поставено на дресовите на играчите, Motorola се приклучува на организација во која комбинацијата од работа во тим, страст и стремеж кон совршенство им донела неверојатен успех. Истата таа шампионска формула ние ја применуваме во Motorola секој ден, за да победиме со нашите производи, клиенти и вработени, токму тоа е она што го прави ова партнерство толку возбудливо.” 

Логото на Motorola ќе биде поставено на предната страна на левото рамо на играчите, во бои кои се во согласност со боите на тимот, како на дресовите од редовната сезона така и на пост-сезонските дресови. 

Со ова партнерство, Motorola уште еднаш ја покажа својата поддршка на заслужните спортисти низ светот.

Претходна статијаLightyear е холандски стартап кој развива електричен автомобил кој нема да треба да се полни со кабел
Следна статијаСамсунг ги најавува новите телевизори за 2019 година кои го подобруваат вашиот животен стил – „Фрејм“ и „СЕРИФ ТВ“ кои ќе бидат претставени на ЦЕС 2019