Фото: Македонски Телеком

Услугите базирани на вештачка интелигенција влегоа во нашите животи на голема врата. Со широка низа на функционалности и практично неограничен потенцијал, тие ветуваат иднина во која сите полесно и побрзо ќе ги користат дигиталните услуги. A новата и надградена верзија на Magenta AI ги носи сите овие паметни услуги за сите корисници на Телеком, без никаков надомест. 

Со новите функционалности и алатки, Magenta AI 2.0 носи уште поинтерактивно и покреативно искуство. И најдоброто? Достапна е во рамките на Telekom MK апликацијата – што значи дека нема потреба за дополнителни линкови или преземања. Едноставно се вклучува и веднаш е подготвена за сите ваши прашања.

Алатката им ја дава можноста на корисниците да ги пронајдат сите вести, информации и услуги коишто им се потребни, без разлика дали станува збор за општи прашања или за прашања поврзани со Телеком. Тие можат да добијат брз и детален одговор на нивните прашања, да се консултираат со вештачката интелигенција околу некоја дилема и да го пронајдат токму она што го бараат. 

Но сега, Magenta AI 2.0 доаѓа со подобрени функционалности и значителни подобрувања, во новата верзија 2.0 е вклучен и Picsart, една од најпопуларните алатки за уредување фотографии.

Без разлика дали станува збор за спонтани фотографии, професионални портрети или пак објави за социјалните мрежи, со Picsart корисниците лесно можат да ги уредуваат фотографиите, преку автоматските опции за отстранување или замена на позадини или пак да креираат уникатни визуелни идеи базирани на нивната замисла, со помош на генеративната вештачка интелигенција. Алатката Picsart е целосно интегрирана во Magenta AI, што значи дека е подготвена за користење веднаш штом ќе ја отворите апликацијата.

Предноста на Magenta AI е во тоа што ги препознава и ги категоризира различните типови на барања, пред да го насочи корисникот кон одговорот којшто му е навистина потребен. А во ера кога времето станува еден од најскапите ресурси, Magenta AI може да им помогне на корисниците да ги елиминираат малите грижи и да имаат повеќе време за оние вистински важни работи во животот. 

Magenta AI е достапна за Android и iOS уреди, ексклузивно за корисниците на Македонски Телеком.