Фото: Shutterstock.com

По слободно може да се каже изненадното откажување од „трката“ од страна на Netflix, сега Warner Bros.Discovery ќе бидат купени од страна на исто така познато име во филмската индустрија, Paramount Skydance. 

За многу луѓе ова се одлични вести, а во главно поради тоа што Netflix се сметаат како компанија која одамна нема пуштено нешто квалитетно, со мали исклучоци. На ова треба да се додаде не така малиот процент од содржината која е направена како начин да се промовира одредена идеологија, а тука се познатите „мемиња“ кои се шегуваат на сметка на Netflix преработките на познати филмови и серии.

Сега кога сопственик на Warner Bros ќе бидат Paramount, иако и тие имаат „лоши“ одлуки, сепак се очекува дека иднината на содржината од овие сервиси е побезбедна. 

Според информациите, кои доаѓаат од директорот на Paramount, Дејвид Елисон, доколку се помине како што треба со купувањето на Warner Bros, тие планираат спојување на „стриминг“ сервисите во еден. 

Тоа значи дека HBO Max, кој е дел од Warner Bros, нема да продолжи да функционира посебно, па ќе се спои со тој од Paramount, односно Paramount+.

Не е познато дали HBO ќе стане дел од Paramount+ или може да се очекува целосно ново име, но Елисон има истакнато дека тие не планираат да го згаснат познатиот бренд, па тој ќе продолжи да функционира. 

Paramount во Европа, како и во нашата земја, се присутни преку стриминг сервисот SkyShowtime, а достапен е и сервисот HBO Max. Што значи спојувањето на сервисите во САД за нашата земја, сѐ уште не е познато.