Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната https://www.ykc.edu.mk/scholarship, рокот за пријавување е до 09.04.2022 година.
На тестирањето за стипендија:
- Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
- Тестирањето за стипендија ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик.
- За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и Турскиот јазик.
- Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината ( Секое училиште посебно Скопје, Тетово-Боговиње и Струга имаат по две стипендиски региони), според долунаведеното,.
1. место 100%, 4. место 70%, 10-13 место 40%,
2. место 90%, 5-6 место 60%, 14-19 место 30%,
3. место 80%, 7-9 место 50%, 20-25 Место 20%.
Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 10.04.2022 во недела во 11.00 часот.
За ПСУ “Јахја Кемал”-Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ“ 11 Октомври“-Куманово, ООУ “Ванчо Прке“-Штип, ООУ “Блаже Коневски“-Велес и ООУ “Видео Подгорец“-Струмица.
За ПСУ “Јахја Кемал”-Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Исмаил Ќемали“- Гостивар.
За ПСУ “Јахја Кемал”-Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ “Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ “Санде Штерјоски“-Кичево и ООУ “Пенестиа“-Дебар ).

