Фото: Samsung

Скопје, 5 јануари 2026 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ја претстави својата визија именувана како „Вашиот придружник за живот со вештачка интелигенција“ (“Companion to AI Living”) на “Прв Поглед“ (“The First Look“), својот настан на CES® 2026 одржан во салата “Latour Ballroom“ во “Wynn Las Vegas“. Фокусот на настанот беше вештачката интелигенција како филозофија на Самсунг (Samsung) – темел што ги поврзува истражувањето и развојот (R&D), развојот на производи, операциите и корисничкото искуство на компанијата.

TеЕм Rox (TM Roh), Извршен директор и раководител на дивизијата “Искуство со Уреди“ (Device eXperience (DX)) на “Samsung“, го отвори настанот “Прв Поглед“ опишувајќи го лидерството на компанијата во областа на вештачката интелигенција (AI) и истакна дека, благодарение на својот обемен, поврзан и поттикнат со “AI“ екосистем, “Samsung“ може да им обезбеди на корисниците вистинско искуство на “AI“ придружник во секојдневниот живот. Овој пристап им овозможува на корисниците да добијат повеќе од основните функции на технологијата и создава можности за пронаоѓање на уште позначајни моменти насекаде.

“’Samsung’ создава пообединето и поперсонализирано искуство преку мобилните уреди, визуелните екрани, апаратите за домаќинство и услугите,“ изјави ТМ Рох. „Со нашиот глобален поврзан екосистем и со интегрирање на ’AI’ во сите категории, ’Samsung’ предводи на патот за да нуди позначајни секојдневни ’AI’ искуства”.

Придружник за забава: Проширување на искуството подалеку од едноставно гледање: 

ЕсВи Јонг (SW Yong), Претседател и раководител на бизнисот “Визуелни Екрани“ (Visual Display (VD)) во “Samsung Electronics“, и Сукхмани Мохта (Sukhmani Mohta), Главен директор за маркетинг и партнерства, “VD“ бизнис во “Samsung Electronics America“, објаснија како екраните на “Samsung“ ја комбинираат хардверската извонредност и визуелната интелигенција за да обезбедат вистински придружник за забава. Потпирајќи се на дваесетгодишното лидерство во ТВ индустријата, “Samsung“ изгради целосна линија на “AI“ телевизори што нудат сосема нов начин на интеракција со телевизорот.

Во центарот на линијата на екрани е 130-инчниот Micro RGB, кој претставува огромен исчекор во размерот и квалитетот на сликата. 130-инчниот Micro RGB означува нова ера на боите, со најширокиот и најдетален спектар некогаш виден кај “Samsung“ телевизорите. Неговиот “Timeless Frame“ дизајн ги минимизира одвлекувањата на вниманието и ѝ дозволува на сликата да биде во центарот на фокусот со суптилна елеганција. Микро-голем RGB извор на светлина ја движи извонредната слика, при што секоја микроскопска црвена, зелена и сина диода свети независно за да создаде бои во нивната најчиста и најприродна форма. Micro RGB AI Engine Pro овозможува прецизна контрола на RGB боите и создава исклучително живописен квалитет на сликата во секоја сцена.

Дополнително унапредувајќи го ова искуство на гледање, “Vision AI Companion“ (VAC) користи “AI“ технологија за да работи во согласност со корисниците, како целосен придружник за забава, подобрувајќи го гледањето, јадењето и расположението, насекаде во домот. Со него, корисниците можат да добиваат препораки што да гледаат, што да јадат и каква музика да слушаат, збогатувајќи го и проширувајќи го генералното ТВ искуство далеку повеќе од обичното гледање.

Samsung нуди и интуитивни режими за персонализација на искуството на гледање. За љубителите на фудбалот, “AI Soccer Mode Pro“ обезбедува повозбудливо доживување на денот на натпреварот преку “AI“ прилагодување на сликата и звукот до ниво на стадион. “AI Sound Controller Pro“ овозможува зголемување или намалување на јачината на звукот на публиката, коментарот или позадинската музика, создавајќи персонализирано аудио искуство за ТВ емисии и филмови. Корисниците едноставно можат да упатуваат гласовни барања, а секој телевизор опремен со “VAC“,вклучувајќи Micro LED, Micro RGB, OLED, Neo QLED, Mini LED и UHD TV – контекстуално ги извршува тие барања.

Исто така, “VAC“ го подобрува целокупното животно искуство низ различни видови програми. Им овозможува на корисниците да пронајдат рецепти за јадењата што ги гледаат на ТВ со едноставно прашање и користи најнови информации за да даде препораки усогласени со здравствените и фитнес цели. “VAC“ нуди и функционалност на повеќе уреди, испраќајќи ги препорачаните рецепти директно до други уреди, како ново-претставениот “The Movingstyle“ ТВ уред, дизајниран за лесно движење низ домот и до кујнските апарати, овозможувајќи искуство со повеќе уреди преку целосна интеграција на екосистемот.

“Samsung“ е лидер на глобалниот пазар на саундбари веќе 11 години по ред. Оваа година, компанијата претставува два нови Wi-Fi звучници, “Music Studio“ 5 и 7, за понатамошно проширување на интегрираниот екосистем. Овие модели поддржуваат поширок опсег на комбинации на аудио системи, го подобруваат аудиовизуелниот квалитет и ја унапредуваат естетиката на секој простор. Секој модел споделува безвремен концепт со точки, создаден од познатиот дизајнер Ерван Бурулек (Erwan Bouroullec), инспириран од универзален симбол во музиката и уметноста и втемелен во препознатливиот дизајнерски јазик на “Samsung“.

“Samsung“ исто така претстави низа нови производи што совршено се вклопуваат во домовите и естетиката на корисниците. Новиот ултратенок OLED S95H има префинета рамка што му дава елеганција на уметничка галерија, додека новиот пренослив проектор на “Samsung“, “The Freestyle+“, е поддржан од “VAC“ и им овозможува на корисниците да прикажуваат содржина на ѕидови, тавани и нерамни површини како агли и завеси.

Линијата на ТВ уреди за 2026 година поддржува “HDR10+ ADVANCED“, нудејќи подобрена осветленост, оптимизација според жанр, интелигентно измазнување на движењето, напредно локално мапирање на тонови и подобрено гејминг искуство.

Со растечката примена на HDR10+ меѓу водечките OTT провајдери, “Samsung“ ќе биде првиот што ќе го лансира HDR10+ ADVANCED во својата линија на ТВ уреди за 2026 година. Исто така, “Samsung“ го претставува “Eclipsa Audio“, новиот просторен аудио систем на компанијата, достапен на сите телевизори за 2026 година. 

“Samsung“ ја претстави и својата најнапредна линија на “Odyssey“ гејминг монитори досега, воведувајќи пет нови модели што ги поместуваат границите на резолуцијата, стапката на освежување и импресивните визуелни перформанси. Предводена од првиот 6K 3D Odyssey G9 на “Samsung“, линијата за 2026 година носи први во светот технологии на екрани за гејмери и креатори, вклучувајќи ја следната генерација Odyssey G6 и три нови модели Odyssey G8.

Во срцето на сите овие иновации е најмоќниот Tizen OS оперативен систем досега. Корисниците сега можат да уживаат во седум години надградби на Tizen OS, обезбедувајќи телевизорите да продолжат да се развиваат долго по нивното внесување во домот.

Придружник за домот: Поврзани паметни апарати што ве водат низ денот

Чеолги Ким (Cheolgi Kim), Извршен потпретседател и раководител на дивизијата Дигитални уреди (Digital Appliances (DA)) во “Samsung Electronics“, и Елизабет Андерсон (Elizabeth Anderson), Раководител на секторот за интегриран маркетинг за “DA“ во “Samsung Electronics America“ (SEA), ја претставија визијата на “Samsung“ за еволуција од обезбедување домашни апарати кон вистински домашни придружници што го намалуваат стресот од секојдневните обврски. Чеолги Ким исто така објави дека, заклучно со декември 2025 година, SmartThings опслужува повеќе од 430 милиони корисници, обезбедувајќи му на “Samsung“ значајна скала и длабочина на увид што го издвојува од другите брендови.

Овој увид оживува преку “Family Hub“. Фрижидерот со вештачка интелигенција е центарот на домот, а сега, со надградба на “AI Vision“ создадена со Google Gemini, го редефинира живеењето за “AI“ иднината. Со ова ажурирање, “AI Vision“ ги надминува постојните ограничувања во препознавањето на намирниците, беспрекорно следејќи што се става и што се вади од фрижидерот, правејќи го планирањето на оброците и управувањето со храната поедноставно од кога било. “Family Hub“ досега има освоено 10 ЦЕС Награди за иновација (CES Innovation Awards), а “AI“-фрижидерите на “Samsung“ ја добиваат оваа награда веќе три години по ред.

Преку гејмифицираната функција “What’s for Today?”, одредени фрижидери нудат препораки за рецепти врз основа на содржината на фрижидерот или случајни предлози, намалувајќи го стресот од изборот што да се готви. Кога ќе се избере рецепт, тој се прикажува преку “SmartThings Food“, каде што корисниците добиваат водич чекор по чекор за веднаш да започнат. Избраниот рецепт може да се испрати и до поврзаните апарати за готвење за беспрекорно започнување на процесот. Функцијата “Video to Recipe“ носи уште поголема едноставност, нудејќи препорачани видеа за готвење и претворајќи ги во лесни чекори за следење, овозможувајќи готвење без паузирање или враќање на видеото.

“Samsung“ исто така го претстави “FoodNote“, нов неделен извештај што ги сумира навиките во исхраната на корисниците, од најкористените состојки и препораките за рецепти, до производите што е време да се надополнат. Дополнително, функцијата “Now Brief“ вклучува повеќе виџети на екранот на “Family Hub“ и со функцијата “Voice ID“, може да ги разликува членовите на семејството и да прикаже содржина релевантна за секој поединец. Заедно, овие функции обезбедуваат корисни информации и увиди во текот на целата недела.

Во просторијата за перење алишта, “Bespoke AI Laundry Combo“ ја елиминира потребата од префрлање алишта, решавајќи голем проблем за домаќинствата. Овогодишниот модел доаѓа со подобрени функции, како побрз супер-брз циклус и подобрени перформанси на сушење. Покрај тоа, новиот “Bespoke AI AirDresser“ на “Samsung“ решава уште еден чест проблем со облеката преку функцијата “Auto Wrinkle Care“, кој користи силни млазови воздух и пареа за измазнување на кошулите. Сѐ што корисниците треба да направат е да ја закачат кошулата и да почекаат, со што се намалуваат потешкотиите во и онака зафатените, брзи утра. 

Низ домот, “Bespoke AI Jet Bot Steam Ultra“, напојуван од “Qualcomm Dragonwing™“ процесор, има “Active Stereo 3D“ сензор за препознавање течности како кафе, сок или дури и проѕирни течности како вода. Камерата помага во навигацијата, но исто така и овозможува на робот-правосмукалката да служи како уред за надзор кога корисниците не се дома, известувајќи ги за нивните миленици или за сомнителна активност. Плус, со попаметен “Bixby“, корисниците можат разговорно да му задаваат задачи на роботот со леснотија. За длабокото ниво на поврзаност и интеграција што ја формира основата на целосно “AI“-напојувано искуство, апаратите “Bespoke AI“ на “Samsung“ добија ЦЕС Награда за иновативност (CES Innovation Award).

Дополнителни придобивки опфаќаат, прво од ваков вид, партнерство со “Hartford Steam Boiler“ (HSB), кое има за цел да донесе реални и значајни заштеди во паметниот дом. Претседателот и извршен директор на “HSB“, Грег М. Баретс (Greg M. Barats), се приклучи на презентацијата за да ги објасни потенцијалните придобивки од поврзувањето на паметните апарати со “SmartThings“ за намалување на премиите за осигурување. По успешната пилот-програма во САД во 2025 година, соработката се проширува во повеќе сојузни држави и во други глобални региони.

Придружник за грижа: Премин од реактивна кон проактивна грижа

На крајот, Правен Раџа (Praveen Raja), Потпретседател и раководител на одделот Дигитално здравје во “Samsung Research America“ (SRA), ја претстави долгорочната визија на “Samsung“ за интелигентна грижа овозможена од интегрираниот екосистем на уреди, редефинирајќи ја грижата од реактивна потреба во проактивна можност. Со помош на “AI“, телефоните, апаратите, носливите уреди и другите поврзани уреди ќе им помагаат на корисниците да спречат потенцијални здравствени проблеми пред тие да се појават.

“Samsung“ има за цел да обезбеди персонализиран здравствен коучинг, нудејќи ефективни совети за вежбање и спиење за намалување на ризикот од големи хронични заболувања, како и препораки за рецепти врз основа на достапните состојки во поврзаните фрижидери. Доколку се откријат абнормални знаци или обрасци, системот ќе ги извести корисниците и ќе овозможи споделување на здравствените податоци со здравствени професионалци преку платформата “Xealth“, олеснувајќи виртуелни професионални консултации.

Препознавајќи ја важноста на превентивното здравје, “Samsung“ ги проширува и своите капацитети за детекција на деменција преку истражувачки партнерства, каде што носливите уреди регистрираат суптилни промени во подвижноста, говорот и ангажманот што може да укажуваат на долгорочни когнитивни промени.

“Samsung Knox“ и “Knox Matrix“ служат како темел на овој хипер-персонализиран екосистем, заштитувајќи ги корисничките податоци на секој чекор. Како што “AI“ постојано се развива, така се развиваат и “Knox“ и “Knox Matrix“. За да се одржи безбедноста и покрај постојаните промени, безбедносните системи на “Samsung“ континуирано ги идентификуваат ризиците поврзани со “AI“, унапредувајќи ја заштитата на податоците во процесите на тренирање на “AI“ и одобрувајќи модели преку “red team“ анализи.

Изложбената зона на “Samsung“ на “CES“ е отворена за јавноста од 4 до 7 јануари. За повеќе информации, посетете го “Samsung Newsroom“.