Проектот е дел од годишните празнични активности и има за цел да создаде позитивни спомени и поддршка за најмладите во општеството. 

„Онлајн креативната работилница „Празнична магија“ е една од главните активности на иницијативата, наменета за родители и деца. Работилницата комбинира креативни активности со реупотребени материјали, инструкции според возраст, совети и празнични материјали. Главната цел е поттикнување на креативноста, семејното поврзување и едукација за одржливост, додека учесниците придонесуваат за хуманитарната мисија на проектот.“ вели организаторката на иницијативата Елена Гагиќ Стојчевска.

Иницијативата има силна поддршка од општеството и бизнисите, со околу 50 партнери кои придонесуваат со средства и подароци. Подароците за 2025 година се наменети за учесниците во работилницата, како знак на благодарност за нивната креативност и учество.

„Проектот нуди повеќе начини за вклучување, преку креативно создавање, каде што родители и деца ги споделуваат своите изработки на Инстаграм, преку Магичниот базар, што претставува јавна изложба на изработките и можност за поддршка на иницијативата, како и преку донации и пакетчиња, со кои граѓаните можат да подготват и достават празнични подароци. Секое учество ја зголемува празничната магија, создава нови спомени и инспирира и други да се приклучат.“ додаде Гагиќ Стојчевска.

Следете ја иницијативата на Инстаграм и бидете дел од магијата.

Со секоја донација добивате билет за онлајн работилниците.

Линк за донации: https://paket.mk/charity?utm_source=ig&utm_medium=social&utm_content=link_in_bio&fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMjU2MjgxMDQwNTU4AAGnKLe81a8SkCOouC8sZpicTKBeuSjMDKd8S_Ggjjvtk759NMMeiU2c3U_30c0_aem_FBJ0FYk1L1xfe46d6E4xeA