Скопје, 22 февруари 2016 година – Wizz Air, најголемата ниско – буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес објави дека ќе инсталира напреден симулатор за пилоти во центарот за обука на екипажот во Будимпешта, додавајќи зголемена способност за она што веќе се смета за еден од водечките програми за обука на пилоти од авио-индустријата.
Фиксниот симулатор на семејството на А320 авиони, ќе биде во функција ова лето и ќе го дополнува веќе оперативниот симулатор на Wizz Air, што и пружа на компанијата дополнителна флексибилност за да се осигураат дека екипите одржуваат строги стандарди за обука. Исто така им овозможува дополнителни опции за распоред за да продолжи да ги исполнува условите за обука за планираниот пораст на Wizz Air.
Симулаторот е точна реплика на пилотската кабина на авионот „Airbus А320“, е идентична со полн лет симулатор без движење и вклучува високо квалитетен визуелен систем во комбинација со татнеж и аудио, за да се обезбеди чувство на реален лет. Уредот, обезбеден од страна на МПС, ќе се користи за различни авиони од семејството А320, за обука на пилоти вклучувајќи обука со оценување и обука на екипажот.
Wizz Air забележа 22 проценти зголемување на бројот на превезените патници во 2015 година, дури до 19,2 милиони од 15,8 милиони евра во 2014 година. Wizz Air неодамна стана првиот ниско-буџетен превозник во Европа што внесе во употреба авион со 230 седишта „Airbus A321ceo”, тековната продукциска верзија на оваа варијанта на Wizz Air е A320, авион со 180 седишта. Овој потег ги намалува веќе ниските оперативни трошоци на Wizz Air и гарантира дека компанијата ќе продолжи да им нуди пониски цени за билетите на патниците.
Главениот директор за летачка оператива на Wizz Air, капетан Дејвид Морган изјави: „Ние сме среќни за партнерството со МПС, и за стекнувањето на овој сосема нов А320 фиксен симулатор. Тоа значително ќе го подобри постоечкиот капацитет на обуката преку зајакнување на целосно движечкиот симулатор во нашиот центар за обука во Будимпешта. Wizz Air има репутација за својата обука и стандардите на пилоти од светска класа и овој симулатор ја зајакнува нашата заложба за одржување на овие високи стандарди, притоа обезбедувајќи импресивен раст на авиокомпанијата”.
Wizz Air неодамна беше именувана за авиокомпанија за најголеми вредности за 2016та година од страна на уредниците на “Свет на воздушниот транспорт”, еден од водечките трговски списанија за авиокомпаниите.
За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 66 “Airbus A320” авиони и нуди** над 400 рути од 24 бази поврзувајќи 119 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.600 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 19.2 милиони патници во финансиската годинa 2015. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“