Будимпешта, 4 Maј: Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа денес ги имаше своите први летови со селекција на седишта на рутите од Катовице до Лондон Лутон, Будимпешта до Барцелона и Букурешт до Дортмунд. Од 19 Мај услугата селекција на седиште ќе биде достапна на сите летови на WIZZ во 38 држави, што претставува една од најголемите ниско-буџетни авио мрежи во Европа.
Можноста за селекција на седиште, што е дел од процесот на резервација, претставува дополнителна можност за избор на седиште по желба, со почетна цена од само 1 евро на wizzair.com или на WIZZ мобилните апликации во било кое време, а најдоцна до 3 часа пред полетувањето. Селекција на седиште е воведено од Wizz Air како една од многуте мерки за константно подобрување на услугите и задоволството на патниците.
Славомир Козиел е првиот WIZZ патник кој го искористи селектирањето на седиште денес при неговото качување на летот од Катовице до Лондон Лутон (погледнете ја фотографијата).
ДОСТАПНИ СЕДИШТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА
ПОЧНУВАЈЌИ ОД | РУТА |
ОД 4 Maј 2015 | Катовице – Лондон Лутон |
Будимпешта – Барцелона | |
Букурешт – Дортмунд | |
Од 19 Мај 2015 | Сите Wizz Air рути |
ОНЛАЈН ДОСТАПНИ СЕДИШТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА СО НАДОМЕСТОК
Преден ред | Предни Седишта | Предна Кабина | Екстра простор за нозе | Задна Кабина |
€5 – €23 | €3 – €17 | €2 – €5 | €5 – €23 | €1 – €2.50 |
Надоместоците се разлукиваат во зависност од побарувачката
За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 57 “Airbus A320” авиони и нуди над 380 рути од 21 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската година 2015 заклучно 31 Март. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер WIZZ