Скопје, 6 мај 2016. – компанијата Xerox (NYSE: XRX) ја препозна Институтот Ethisphere, светски предводник во дефинирање и унапредување на светските деловни пракси, како Најетичка компанија на светот 2016.®.
Оваа година ја означува десеттата годишнина на Институтот Ethisphere и доделување на титулата за најетички компании на светот со која се признаваат оние компании коишто ги усогласуваат принципите со делата, неуморно работат за довербата да стане дел од нивната корпоративна ДНК и така делувајќи, ги обликуваат идните индустриски стандарди со воведување на најдобрите пракси на иднината веќе денес.
Xerox е една од 14 компании што се добитници десет пати со што се истакнува лојалноста на компанијата кон водечките етички деловни стандарди и пракси.
„Од нашите почетоци Xerox е познат по етичкото однесување и интегритет“, изјави Дон Лиу, главен советник и секретар на компанијата Xerox. „Со интегритетот стекнуваме еден од најголемите квалитети со кои работењето може да се стреми кон стекнување доверба на клиентите, вложувачите, колегите и заедниците во кои работиме и живееме. Таа доверба се стекнува со делување на секој вработен на компанијата Xerox ширум светот.“
Оцената Најетичка компанија на светот се темели на рамките на Институтот Ethisphere Коефициент на етика™ (EQ) којшто е развиван во текот на годините и проверуванi и доработуван со стручни совети на Советодавното собрание за методологија на ИНститутот Ethisphere за Најетичка компанија на светот. EQ овозможува квантитативна оценка на делотворноста на компанијата на објективен, доследен и стандардизиран начин. Собраните информации нудат сеопфатно добивање примероци од конечните критериуми на основните компетенции, наместо од сите аспекти на корпоративното управување, ризикот, одржливоста, соодветноста и етиката.
Резултатите се генерираат во пет клучни категории: програма за етика и соодветност (35 %), корпоративно граѓанство и одговорност (20 %), култура на етика (20 %), управување (15 %) и водство, иновација и репутација (10 %) и се доставуваат на сите компании коишто учествуваат во постапката.
„Компаниите му веруваат на Институтот Ethisphere дека постојано ќе ги зголемува и менува стандардите на корпоративното однесување. Тие што ќе покажат водство во подрачјата како што се граѓанство, интегритет и транспарентност создаваат повеќе вредности за своите вложувачи, заедници, корисници и вработени, и со тоа воспоставуваат одржлива деловна предност“, објасни главниот извршен директор на Институтот Ethisphere, Тимоти Ерблич. „Им честитаме на сите во компанијата Xerox што се препознаени како Најетичка компанија на светот.“