Скопје, 4 мај 2016. – Xerox им помага на давателите на услуги за печатење да ја намалат долготрајната, интензивна постапка за корекција на бојата за производните мастилни печатарски машини. Продавниците со услуга за печатење коишто работат со мастилни печатарски машини без вграден спектрофотометар, независно од производителот, може да ја одржат доследноста на бојата од задача до задача со помош на решението на компанијата Xerox – автоматизирано управување со боите IntregratedPLUS (англ. Automated Color Management). Без дополнителни вложувања во хардвер, решението ACM едноставно ја одржува точната боја со користење на скенер и преносен компјутер.
Без потреба за стручност во подрачјето на боите, решението ги автоматизира постапките за корекции на боите, намалувајќи го бројот на чекори и значително го намалува потрошеното време на печатарската машина од часови на минути. Едноставно скенирајте го отпечатениот лист, испратете го во облакот преку ACM и деталите се доставуваат во рок од неколку минути.
Со помош на вградените можности решението овозможува во печатењето да се постигнат предвидливи и точни бои во текот на целата постапка на производство. ACM може да подобри продуктивноста, да ја зголеми делотворноста на текот на работата и да го поедностави управувањето со боите за да може давателите на услуги да се фокусираат на извршување на повеќе задачи во своите продавници. Системот овозможува повеќе информации со спецификации за операторите на печатарските машини заедно со постапките за која било машина со поинакви спецификации за којашто е потребно одржување.
„Автоматското управување со боите IntegratedPLUS ја намалува сложеноста на текот на работата и ја зголемува точноста со автоматизирање на надгледувањето, профилирање на печатарската машина и со ажурирање на боите на точките“, изјави Мајк Лакагнина, деловен раководител на IntegratedPLUS за светот, Xerox. „На Друпа ќе претставиме како ова решение го намалува бројот на чекори во текот на работата од 34 девет на примерот од машината Xerox Rialto™ 900 Inkjet Press.“
Навратете до салата 8B A62 за да ја видите демонстрацијата на решението ACM во живо. Повеќе за новостите од компанијата Xerox и објавите на Друпа погледнете го првото видео од серијата Xerox на пат кон Друпа со Роберт Стаблер, виш потпретседател на групата Graphic Communications Business Group, Xerox. Посетете не и на: Xerox.com/drupa.