9-ти јули 2015. – Овластените партнери сега имаат нови начини со кои може да го поттикнат растот на приходите и да ги зајакнат односите со клиентите благодарение на Xerox (NYSE: XRX) програмата за изработка на персонализирани апликации (Personalized Application Builder) и зајакнатата глобална партнерска програма.
„На своите овластени партнери брзо и делотворно им нудиме решенија и услуги за да можат и тие да искористат дел од значителните пазарни можности во подрачјето на управување со документите за MPS”, рече Саша Пигац Регионален Менаџер за Xerox Balkans. „Нашата цел е да се помогне на партнерите да ги зголемат приходите на тој начин што ќе ги спојат технологијата и услугите на Xerox со своите единствени решенија за да им помогнат на своите клиенти да го поедностават секојдневното работење.“
Програма за изработка на персонализирани апликации
Програмата за изработка на персонализирани апликации (Personalized Application Builder) е збор од алатки, програма за оспособување и маркетинг ресурси што на партнерите им овозможува да изработат прилагодени решенија кои ги исполнуваат единствените барања на нивните клиенти и да се истакнат на таков начин што ќе го заштитат решението под сопствено име.
За разлика од другите добавувачи, разновидноста на програмата на Xerox им овозможува на партнерите да изработат персонализирани решенија, од канцелариски услуги и услуги за управување со печатењето (MPS) до продукција, но им дава и простор за раст.
Алатките во склопот на програмата Personalized Application Builder се погодни за сите информатички инфраструктури и за инфраструктурите за управување со документи, а ги опфаќаат Xerox App Studio, опрема за развој на софтверот (Software Developer Kits) за MPS, FreeFlow® (софтвер за работниот тек) и платформа за проширување на интерфејсотExtensible Interface Platform. Партнерите може да изработат сопствени апликации или да учествуваат со овластената мрежа на Xerox, којашто изработува решенија во нивно име.
„Благодарение на програмата на Xerox – Application Builder, може да ја зголемиме својата вредност кон постоечките клиенти и да стекнеме нови клиенти со понудата на персонализирани решенија“, рече Gunnar Fransson, директор на компанијата xllnc. „Апликациите ни помагаат во стекнување углед како давател на ИТ и MPS услуги, со што го постигнуваме поголемиот дел од буџетот за информациска технологија на нашите клиенти.“
За компанијата Xerox
Xerox глобална компанија којашто нуди решенија за работење, технологија и управување со документи и им помага на организациите да го променат начинот на којшто управуваат со работењето и информациите. Седиштето на компанијата е во Norwalk во сојузната држава Connecticut; вработуваме повеќе 140 000 лица и работиме во повеќе од 180 држави. Нудиме услуги за управување со деловните процеси, опрема за печатење, хардверска и софтверска технологија за управување со информациите — од податоци до документи. Дознајте повеќе на www.xerox.com.
Следете нѐ на:
Веб-страницата: http://news.xerox.com/rss
Facebook: http://www.facebook.com/XeroxCorp
Twitter: http://twitter.com/xeroxcorp
YouTube: http://www.youtube.com/XeroxCorp