acer-predator-21-x-2

Еве еден лаптоп кој сигурно ќе биде помоќен од гејмерските десктоп компјутери на вашите пријатели, но кој сигурно нема да можете лесно да го пренесете од едно место на друго. Acer Predator 21 X има 21 инчен заоблен дисплеј и можност за две супер моќни Nvidia GTX 1080 графички картички во SLI.

Ова е прв лаптоп во светот со заоблен дисплеј – 21 инчниот екран има резолуција од 2560х1080 пиксели и е супер широк, што го прави особено погоден за игрите од прво лице, каде ќе можете да видите многу повеќе од сцената. Дисплејот има и Nvidia G-Sync технологија, која ги синхронизира фреквенцијата на освежување на дисплејот со тоа колку слики во секунда може да испорача графиката, за супер мазно искуство без сецкање.

Acer-Predator-21-X

А доколку се одлучите на најмоќниот модел со две GTX 1080 графички, сигурно дека нема да почувствувате никакво сецкање дури и во најновите игри на највисока резолуција и детална графика. Лаптопот е опремен и со новите Intel Kaby Lake процесори од “U” серијата и иако нема детални информации, очекувајте да бидат достапни Core i5 и Core i7 модели. Predator 21 X може да се конфигурира и со 64 GB рам поделен на четири слотови и до 4 TB SSD простор, а има и 4.2 сараунд аудио систем. Импресивно.

Сите овие компоненти ќе предизвикуваат многу топлина и затоа за ладење се вградени пет кулери, кои сигурно нема да бидат тивки. Нема да биде тивка ниту механичката тастатура, но на неа пишувањето и играњето сигурно ќе биде вистинско задоволство. Интересно, тачпадот е ставен на страна и тој може да се сврти наопаку и да се користи како тастатура со бројки.

acer-predator-21-x-ifa-6

Целиот лаптоп тежи 8 килограми, што значи дека нема да биде особено пренослив, барем не во вистинската смисла на зборот. Сепак, сигурно ќе биде подобар од десктоп доколку сакате да отидете до кај вашите пријатели на една целодневна гејмерска сесија, нели?

Извор: PC World, The Verge, CNET

Претходна статијаОнлајн платформи за учење – краток преглед
Следна статијаЗа Samsung грижата за Корисниците на прво место