Chromebook уредите веќе со години се популарни, посебно во образовните институции, а таа популарност не престанува да се зголемува со текот на години. Може да се каже дека овие уреди се доволно популарни, да веќе им го преземаат пазарот на Apple и нивниот iPad кој едно време беше дефиниција за уред во образованието.
Според неофицијални информации, Apple можно е да претстават свој конкурент на Chromebook преку претставување на поевтина верзија од MacBook. Овој уред би го виделе дури во втората половина од идната година.
За да биде поевтин, овој уред би користел различни материјали од MacBook Air и MacBook Pro сериите, а поевтини би биле и компонентите во уредот. Тој од надвор би го имал карактеристичниот изглед на MacBook, што значи би се задржал стилот на Apple во секој случај.
Можеме да претпоставиме дека покрај различните материјали, Apple би користеле некој од нивните чипови, но од постарите верзии, како на пример М1 чипот, а можеби би виделе и чип од мобилните или целосно нова верзија.