DSP W215 Side New

D-Link Wi-Fi Smart Plug е паметен приклучок чија намена е контрола на вашите домашни уреди преку апликација на вашиот паметен телефони, а со тоа од било кое место со интернет конекција. Овој приклучок работи на тој начин што се поставува во штекерот на ѕидот и во него се приклучува било кој уред кој што директно би го приклучите во струја, односно можете да приклучите ламби, компјутери, пегли и било кои други уреди кој што ги користите во домот, а би сакале да можете да ги контролирате од разни локации.

Приклучокот во основа работи многу едноставно. Тој се поврзува на вашата домашна Wi-Fi мрежа, па потоа преку мобилната апликација се контролира електричната енергија, односно дали таа ќе биде пуштена или не и со тоа се контролира вклучениот уред. Апликации се достапни за Android и iOS уредите, а корисниците преку нив покрај вклучување и исклучување на уредите може да прават закажување на периоди кога уредите треба да бидат вклучени и следење на струјната потрошувачка. Исто така приклучокот доаѓа со заштита од прегревање, па доколку детектира дека приклучениот уред почнува да се прегрева, истиот ќе го исклучи.

energysaving

Дали ваквите уреди ќе станат популарни, односно иако интересни дали се навистина потребни и корисни останува корисниците да кажат. Од D-Link го промовираат како корисен уред за тие што често забораваат да исклучат светло дома или некои други уреди, па сега не мора да се враќаат дома или да го остават уредот да ја троши електричната енергија и да ризикуваат можеби и штета. Исто така приклучокот може да се покаже корисен за периодите кога сте на одмор, па со повремено вклучување на светлата, да оставите впечаток дека сте дома, а со тоа да ги премислите потенцијалните крадци. Ние би додале дека приклучокот е доста корисен за сопствениците на викенд куќи, па некои од поважните уреди може да ги контролираат и проверуваат од дома.

D-Link Wi-Fi Smart Plug доаѓа со цена од 50 долари и на почетокот ќе се продава на американскиот пазар.

Претходна статијаMicrosoft поднесе барање за патент за паметен часовник
Следна статијаPaperFold: E-paper телефон со три екрани на превиткување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.