Фото: Shutterstock.com

Microsoft и нивниот Windows може да се соочат со сериозен предизвик од идната година, а тој доаѓа од Huawei и нивниот HarmonyOS. Поранешен директор во Huawei најавува дека идната година HarmonyOS може да дојде кај компјутерите и со тоа од компанијата да престанат да го користат Windows.

Кога ќе се земе колку е голем кинескиот пазар, дури и оваа промена да не важи за целиот свет, истата би направила огромна разлика за Microsoft.

Повеќе информации за ова нема, па ќе мора да почекаме со тек на време за да дознаеме што точно се планира.

Инаку, HarmonyOS е оперативен систем од Huawei кој беше развиен во главно како резултат на блокадата од страна на САД за користење на Google и нивните сервиси и апликации, меѓу другото.

Пред оваа одлука на САД, Huawei беа на добар пат да станат производителот број 1 во светот на мобилните, а нивните телефони беа едни од најпопуларните на пазарот.

Сега тие во главно се продаваат добро на кинескиот пазар, а недостатокот на Google направи да и најголемите фанови на брендот се откажат и префрлат кај конкурентите.

HarmonyOS е систем направен уште од самиот почеток да биде компатибилен и лесно прилагодлив за повеќе платформи. Покрај на мобилните, тој се користи и кај таблет компјутерите, часовниците, уредите од интернет на нештата, автомобилите и слично.

Доаѓањето на системот кај MateBook серијата ќе доведе до голема промена на пазарот, а Microsoft сигурно ќе изгуби не толку мал дел од своите корисници.

Ова сигурно ќе ги загрижи во Microsoft кои веќе губат дел од корисниците на сметка на Apple чии MacBook компјутери станаа посебно популарни по префрлувањето на M чиповите од компанијата.

ИЗВОРHuawei Central
Претходна статијаChromebook уредите се доволно популарни да ги натера Apple да размислуваат за нова и поевтина MacBook серија
Следна статијаPickbox NOW серии со кои ќе зачекориме во есента
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.