Популарноста на паметните часовници полека се зголемува, а сите поголеми играчи на пазарот веќе имаат претставено свој модел. Поради тоа само прашање на време е кога и Microsoft ќе се приклучи со свој модел. Интересно е што од компанијата повторно последни ќе претстават производ на пазарот од нивните конкуренти, па ќе видиме како они го замислуваат овој тип на производи и дали ќе биде прифатен од корисниците или ќе треба пак да се задоволат со трето или некое друго место.
Од барање за патент поднесен од страна на Microsoft може да се види дека тие дефинитивно работат на нивно решение на паметен часовник. Се разбира, поднесените патенти не се гаранција дека тие производи ќе бидат некогаш претставени, али може да се добие некаква претстава за тоа во кој правец размислуваат компаниите.
Од поднесениот патент може да се види дека часовникот ќе може да се отстранува од ременот и со тоа да се постави на нешто друго, како на пример на ременот на панталоните. Од тоа исто така може да се види дека часовникот ќе содржи доста функции наменети за следење на фитнес активностите на корисникот, но ќе ги има и останатите очекувани функции од овој тип на уреди. Заедно со часовникот во патент апликацијата е прикажан и посебен док, кој што ќе служи за полнење на батеријата од часовникот, како и негова синхронизација со други уреди.
Извор: Patent Bolt
Преку: WPCentral