samsung_gaming-monitor_1

Новиот CFG70 екран се карактеризира со подобрен квалитет на сликата и функционалности специјално прилагодени за играње на видео игри 

Сеул/Скопје, 24. Октомври, 2016 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics) на светскиот пазар го претстави својот најнов и најдобар екран, наменет за играчите на видео игрите. Заоблениот екран CFG70, специјално дизајниран за професионалните играчи на видео игри, се карактеризира со подобрен квалитет на сликата и функционалности специјално прилагодени за играње, што придонесуваат за врвно искуство во играњето на видео игрите. Екранот прв пат беше претставен на конференциите Gamescom 2016 и IFA 2016.

На првиот заоблен екран наменет за играчите, кој се одликува со Quantum Dot технологија, претставувањето на бојата е прецизно, интензивно и покрива 125% од sRGB спектарот. Дополнителната светлост овозможува контрастен однос од 3.000:1 и овозможува видливост на претходно скриените детали во игрите, како во светли, така и во темни сцени. Екранот исто така се одликува со еколошки дизајн без кадмиум.

Сеог-Ги Ким (Seog-gi Kim), Постар Заменик Претседател на Одделението за екрани во Самсунг, изјави “Со воведувањето на Quantum Dot технологијата во своите иновативни, заоблени екран, Самсунг отвора нов прозор кон иднината на играњето игри, во комбинација со квалитетот на сликата кој досега не бил достигнат во оваа индустрија. Овој модел на играчите им носи чувство како да се дел од акцијата и претставува најмоќен екран произведен под брендот Самсунг до сега, со најреалистичен приказ.

Голема брзина и уживање во игрите без пречки

Со соединување на напредната технологија на Самсунг за намалување на замаглувањето при движење (motion blur) со нивниот VA панел, моделот CFG70 е прв заоблен екран со време на одговор на подвижните слики (Moving Picture Response Time – MPRT) од 1 милисекунда. Големата брзина на MPRT ги намалува премините помеѓу подвижните и анимираните објекти, со што се елиминираат потенцијалните визуелни пречки.

Исто така, CFG70 применува интегрирана технологија AMD FreeSync на HDMI функционалност за синхронизација на фреквенцијата на освежување на екранот од 144 Hz со AMD графичките картички на корисниците. Ова поврзување максимално ги намалува пречките во сликата, почетната латенција и сецкањето кое може да го попречат играњето на игрите и да допринесат во зголеменото заморување на очите.

Оптимизирано искуство за уживањето во игрите

Самсунг го опреми CFG70 со UX спектар специјално наменет за играње игри кој овозможува полесен пристап и побрзо управување со содржината на игрите. Овој модел на екран има и посебен интерфејс за игрите со контролни табли со интуитивни подесувања како би им овозможило на играчите полесно да ги модифицираат и да ги прилагодат на себе подесувањата кои се однесуваат на видео играта. Секој CFG70 екран исто така нуди и серија посебни тастери (hotkeys) на предната и задната страна на екранот за поедноставно подесување на параметрите релевантни за видео игри.

За да им се овозможи на играчите дополнително концентрирање на содржината на играта и за да се извлече најдоброто дури и од најкомплексно дизајнираните игри, вклучувајќи и компитабилност со жанровите FPS, RTS, RPG и AOS, секој CFG70 екран поминува низ ригорозна фабричка калибрација пред доставата. Овој процес ги оптимизира различните подесувања, вклучувајќи го и контрастниот однос, степенот на црна боја за интензивна осветленост и степенот на балансот на белата боја за управување со температурата на бојата. Како резултат, играчите може да уживаат во острата, беспрекорно осветлената слика без разлика на тоа која игра ја играат.

samsung_gaming-monitor_2

Удобно гледање на содржините на заоблениот монитор

“Super Arena” дизајнот на CFG70 екранот, кој се одликува со најдобар степен на заобленост во оваа индустрија од 1.800 R и ултра-широк агол на видливост од 178o, е форматиран да одговара на природното заоблување на човековото око. Комплементарното LED осветлување осетливо на звук овозможува дополнителен реализам и создава живописна презентација која ја одржува концентрацијата на корисниците во најважните моменти.

Јапонскиот Институт за Промоција на Дизајнот (JDP) неодамна го прогласи моделот CFG70 за добитник на годишната Награда за Добар Дизајн, награда која оддава признание на технологиите кои “го подобруваат квалитетот на животот, индустијата и општеството“. Институтот оддаде признание за ефикасноста и перформансите на напредниот играчки интерфејс на овој модел екрани и нивната композиција која ја поедноставува употребата.

За дополнителни информации за заоблените екрани за видео игри на Самсунг, како и за новости слични на оваа, вклучувајќи и фотограгии и видео снимки, Ве молиме посетете ја страната: news.samsung.com.

Претходна статијаОфицијално најавено 5тото јубилејно издание на Codefest Tech Festival
Следна статијаSamsung претстави LPDDR4 рам меморија од 8 GB за паметните телефони