Shutterstock.com

По излегувањето на информацијата минатата година дека Samsung планира да претстави верзија од својот Exynos чип во соработка со AMD, се веруваше дека тоа ќе биде чип наменет за мобилните телефони, каде што веќе и се користи Exynos.

Сепак, сега како што излегуваат нови информации, се дознава дека планот е да се претстави чип којшто ќе се користи во лаптоп компјутер. Графиката од AMD може да се каже дека е и логично да биде наменета за еден лаптоп компјутер, а повторно идејата е да се конкурира на M1 чипот од Apple кој добива одлични оценки.

Според неофицијалните тестови на Exynos чипот со AMD графика, тој се покажува доста подобро од M1, но сепак треба да се земе во предвид дека додека биде претставен, Apple најверојатно ќе ја претстави втората генерација од нивниот чип, па тогаш тој не би требало да биде толку послаб, ако не воопшто, од Exynos.

Според корејското издание од познатите ZDNet, Samsung планира да го претстави новиот Exynos во втората половина од оваа година, некаде по претставувањето на новата генерација од Galaxy Note серијата. Потоа, до крајот на годината би се очекувал и лаптоп компјутерот од компанијата.

За лаптопот се најавува дека ќе работи на Windows 10, нешто што не буди голема популарност веднаш. Microsoft уште не успеа да го направи доволно привлечен Windows 10 за ARM чиповите, поради послабата достапност на апликации. Сепак, истите се повеќе ги има, па можеби до крајот на годината и таа ситуација ќе биде доволно променета.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаFlash официјално си оди од Windows 10 со посебна надградба која Microsoft ја пушти за сите корисници
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Механизми за контрола и ограничување на продажба на алкохол
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.