Xerox logo

Загреб, 26 февруари 2016 – Производството и продажбата на фалсификувани потрошни материјали за печатачи им претставува голем проблем на производителите, а непрофитната организација Imaging Supplies Coalition проценува дека штетата во светот изнесува дури 3,5 милијарди американски долари. За да одговори на овој проблем, компанијата Xerox спроведе низа рации и запленувања на производи за да ги заштити своите корисници од опасните и фалсификувани потрошни материјали.

Xerox внимателно ги следи нарачките и дистрибуцијата на своите оригинални делови и соработува со владините тела за да ја запре продажбата на фалсификувани делови. Последните напори во превенцијата на производството на фалсификати вклучуваат:

  • Заплена на материјалите наменети за производство на илјадници фалсификувани мастилни влошки во фабрика во Мароко. Уличната вредност на овие фалсификувани производи се проценува на повеќе од 2,5 милиони американски долари, а сопственикот на фабриката е во затвор и чека судење.
  • Заплена на стотици фалсификувани тонери и илјадници мастилни влошки и кутии пронајдени кај дистрибутер на опрема за печатачи во Мумбај, Индија. Штетата изнесува 25.000 американски долари, а кривичното гонење на сопственикот на компанијата е во тек.
  • Две рации спроведени во регионот Анталија во Турција. Властите заплениле фалсификувани делови како и материјали користени во фалсификувањето, како што се плочи за печатење, ознаки и материјали за пакување вредни 1,2 милиони долари. Затворено е и илегалното производство во кое се мешале фалсификувани тонери со оригиналните Xerox влошки за печатење, коишто потоа биле продавани во јужна Турција.

Освен спречување на процесот на фалсификување, Xerox исто така ги идентификува и дистрибутерите на илегални фалсификувани влошки за печатење, производи во коишто се користат оригинални заштитни знаци на производителот и ги презеде сите потребни мерки за да се запре нивната илегална трговија. Бранејќи ги правата на интелектуална сопственост, компанијата Xerox неодамна учествуваше во спроведување на законот со којшто им се наложи на трговците во Романија и другите држави во развој, да го почитуваат правото на заштитниот знак Xerox. Ова резултираше со отстранување на производите коишто недозволено го користат заштитниот знак на компанијата Xerox и со договор да продаваат оригинален потрошен материјал од Xerox.

Фалсификуваните влошки за печатење често се расипуваат, предизвикувајќи лош квалитет на печатењето и скапи штети на виталните делови од печатачот“ – изјави Кевин Вивер, претседател на групата Brand Protection, од групата Xerox Supplies Business. „Сѐ додека некои луѓе се занимаваат со фалсификување потрошни материјали за печатачи, ние ќе ја продолжиме борбата за да ги заштитиме нашите корисници и да ја запреме дистрибуцијата на фалсификувани и илегални потрошни делови“.

Ширум светот компанијата Xerox ги штити своите корисници со спроведување многубројни инспекции во складиштата со делови и дистрибутивните центри, за да ја провери автентичноста на производите што се наоѓаат таму и да го спречи појавувањето на фалсификувани делови во глобалниот набавен ланец. Корисниците може да ја проверат автентичноста на своите Xerox производи со помош на следниве методи:

  • Преку порталот Genuine Xerox Rewards Program на којшто корисниците може да го внесат серискиот број на ознаката за безбедност/заверка на автентичноста на производите после што моментално ќе примат потврда за автентичност на производот. Корисниците со ова добиваат и наградни бодови за своето купување коишто може да ги заменат за производи.
  • Потрошните материјали секогаш купувајте ги од компанијата Xerox или од нејзините овластени продавачи.
  • Доколку некои од производите на компанијата Xerox ви се сомнителни, контактирајте со Brand Protection Group на компанијата Xerox.
Претходна статијаWi-Fi рутерите на Asus се небезбедни, се соочува со ревизија и казна
Следна статијаМултимедијален инкубатор – нов општествено одговорен проект на Seavus