(Видео) Директорот на Microsoft разговара за вештачката интелигенција, иднината на работните места и квантните компјутери

Сатја Надела во интервју со Дваркеш Пател повеќе од еден час разговара на овие важни и интересни теми

Во интервју за Дваркеш Пател, директорот на Microsoft Сатја Надела разговара на неколку теми кои се доста актуелни, важни за иднината, а и дефинитивно интересни. 

Голем дел од мотивацијата да се направи едно вакво интервју е претставувањето на Majorana 1 квантниот чип од страна на компанијата, за кого се тврди дека ќе го забрза развојот на квантните компјутери и предностите кои тие треба да ги донесат. 

Интервјуто го започнува со неговиот почетоци во Microsoft, како и претходните работни места, за работата со сервери, за полека да дојде до темите кои се важни во денешно време. 

Тој интересно го истакнува својот став за вештачката интелигенција, како и вештачката општа интелигенција, кој говори дека оваа технологија треба да се цени според придобивките кои ги донесува за општеството, економскиот напредок и слично. Наместо тоа, моментално вештачката интелигенција се цени според тестовите кои се прават на различни видови на способности, а Надела е во право дека тие се џабе доколку не видиме некаква корист на крајот од таа способност. 

Тој во интервјуто разговара за плановите на Microsoft, за иднината на работните места во време на вештачка интелигенција, за влијанието кое ќе го има ВИ во „гејмин“ индустријата и слично. 

Овој разговор дефинитивно вреди да се погледнете, а видеото е достапно на почетокот од оваа статија. 

Претходна статијаApple ја тргна можноста за дополнителното шифрирање на податоците во iCloud за британските корисници
Следна статијаОд отпад до уметничко дело: Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.