Младински културен центар – Битола и Инфо Клубот – Битола на ден 01 декември 2016 година (четврток) ќе организираат Career Fair настан во просториите на Правен факултет во Битола од 12.00 до 15.00 часот.
Од информација до кариера!
Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат. Саемот за кариера обезбедува простор за стартап компаниите да го прошират својот тим со млади таленти кои ќе придонесат за развојот на компанијата.
Не е важно дали си студент, дали си надвор од образовен процес или дури и ако си вработен на работна позиција која не ги задоволува твоите амбиции и не се поклопува со твоите соништа, овој настан е можност да се инспирираш, мотивираш и да се приклучиш кон тимови кои брзо растат, се развиваат и унапредуваат. Овој настан ти е можност да влезиш во активен едукативен процес чија основа е креативноста и иновативноста. Овој настан може и да те инспирира да започниш свој бизнис.
На крајот од денот, земајќи го во предвид фактот дека 70% од работните позиции во светот се пополнуваат преку препораки и контакти, дека 80% од работните позиции не се рекламираат и дека ова е прв ваков настан во Битола, местото ТИ е ТУКА!
Настанот вклучува штандовска презентација на компании кои нудат слободни работни места, кратки презентации од претставници на иновативни бизниси од Македонија, можност за посетителите да се запознаат и да разменат контакти со наши најдобри tech и стартап компании. Дел од настанот се и интерактивни инспиративни и едукативни работилници за мотивација на млади да започнат сопствен бизнис.
Настанот е бесплатен!
Настанот е во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации за намалување на младинската невработеност во соработка со Инфо клубот Битола.