Како втор дел од серијата Christmas Talks, посветена на актуелните прашања поврзани со влијанието на вештачката интелигенција врз различни индустрии, Институтот Хајделберг во Скопје, во соработка со Heidelberg Faculty of Skopje, го организира настанот „AI in HR – How AI is Changing the HR Industry“ (Како вештачката интелигенција ја менува индустријата во секторот на човечки ресурси), кој ќе се одржи на 23 декември 2025 година, од 14:00 до 17:00 часот, во просториите на Факултетот Хајделберг, на ул. Коста Новаковиќ бр. 16, Аеродром, Скопје.

Настанот има за цел да отвори стручна и практично ориентирана дебата за тоа како вештачката интелигенција го менува секторот на човечки ресурси, од процесите на регрутација и вклучување во процесите, до планирањето на работната сила, аналитиката и зголемувањето на оперативната ефикасност. Преку модерирана панел-дискусија со активна интеракција со публиката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со реалните придобивки, но и со предизвиците што ги носи примената на AI во управувањето со човечки ресурси.

Посебен фокус ќе биде ставен на етичките, правните и безбедносните аспекти поврзани со употребата на AI во HR, вклучително и прашањата за пристрасност, заштита на личните податоци, транспарентност и потребата од човечки надзор во автоматизираните процеси. Дискусијата ќе понуди и стратешки согледувања за тоа како организациите можат одговорно и одржливо да ја интегрираат вештачката интелигенција во своите HR-практики.

Настанот е наменет за HR професионалци, HR консултанти, AI експерти, академски кадар, менаџери, како и за млади и мотивирани професионалци кои сакаат да ги разберат идните трендови во управувањето со човечки капитал. Програмата е предвидена да трае три часа и вклучува пауза за вмрежување и размена на искуства меѓу учесниците.

Котизацијата за учество изнесува 3.100 денари, со поволности за повеќе учесници од иста институција или алумни мрежа, при што вториот учесник плаќа 2.000 денари, а третиот учествува бесплатно.

Бројот на учесници е ограничен, а пријавувањето е во тек.

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број +389 78 605 565 или на следниот линк.