Ровињ, 21 септември 2018 – Иднината на класичната free to air телевизија, безбедноста на корисниците на интернет, специфичноста на креирањето на дигитална содржина, како и важноста на „storytelling“, се накои од темите кои го одбележаа почетокот на првиот ден на 11 Weekend Media Festival во Ровињ, Хрватска.

Photo: Danijel Berkovic/PIXSELL
Конференцискиот дел го отвори панел дискусијата Will Netflix Eat The Free TV World? на која се дискутираше за трендовите на консумирање на содржина. Ричард Џон Брескович, маркетинг директор на Хрватски Телеком, истакна дека публиката во Хрватска сака да „binge watch“, а се зголемува и гледаноста на on demand телевизијата. „Публиката во Хрватска ги следи трендовите кои ги гледаме во САД. Може не во толкава мерка, но ги следи“, кажа Брескович, додавајќи дека потенцијалниот раст го гледа во кратки видео формати од максимум 12 минути, погодни за гледање на мобилните уреди за време на возењето или на школските одмори.

Photo: Danijel Berkovic/PIXSELL
Еден од најпосетените панели во петок претпладне беше Tell Me a Story на кој Пит Радович, креативен директор на CBS, со конкретни примери од најдобрите реклами покажа што навистина значи добра содржина. „Make them care. Раскажете приказна така што со луѓето до кои требате да допрете постигнете емоционална поврзаност, а не да им го буткате својот производ“, порача Радович и додаде: „Луѓето се грижат, затоа врвен story telling е најефективниот начин да ја покажете вредноста на брендот.“

Photo: Borna Filic/PIXSELL
На предавањето The Search Engine That Respects Your Privacy францускиот експерт за безбедност Ерик Леандри говореше за масовното следење на корисниците на интернет. „Луѓето веќе не истражуваат, примери, поими поврзани со тероризам, било тоа да се новинари или поединци, поради стравот да не се посомневаат во нив“, истакна Леандри, коосновач на Qwant, првиот пребарувач кој ја штити слободата на корисникот. По пат на овој европски пребарувач на месечна основа околу 70 милиони корисници пребаруваат 10 милиони поими.

Photo: Luka Stanzl/PIXSELL
Следеше панелот New World Order – Како да креирате содржина за дигиталната ера, на кого претставниците на клучните медиуми заклучија дека пишаното новинарство на интернет има развиено сопствени правила и специфичности, а се говореше и за „фамозниот“ clickbait. „Јас мислам дека се претерува со негативниот „hype“ околу clickbait. Не сакам да бидам апологет, но слични трикови за привлекување на вниманието, радиото и телевизијата го прават повеќе десетици години, а никој на тоа не им замерува“, порача Филип Раунич, главен уредник на порталот net.hr.

Photo: Luka Stanzl/PIXSELL
Миодраг Сила и Небојша Тараба, продуценти и сопствениците на компанијата „Drugi plan“ на учесниците на 11 Weekend им открија како имаат успеано хрватските серии „Novine“ и „Uspeh“ да им продадат на Netflix и HBO. „Сите знаеме дека на Netflix може да се најдат огромен број на содржини, но се истакнавме со интересната тема и начинот на снимање. Шаблонски серии, иако фантастични, ги има многу. Недостатокот на пари кои го имаат светските продукции го надоместивме со талент“, истакна Сила.
Видео интервјуата со некои од денешните предавачи погледнете ги на YouTube каналот на Weekend Media Festival.