Фото: SpaceX

Враќањето на човекот на Месечината требаше да се случи во 2027 година со Artemis III мисијата од NASA. Ова ќе беше првата мисија на Месечината која вклучува слетување на астронаути после 53 години, односно од 1972 година и последната Apollo 17 мисија. 

За мисијата NASA ги избра SpaceX и нивното Starship летало, а според информациите, ова е и единственото летало моментално кое може да се користи за една ваква мисија. 

По одржување на состанок на 19 септември на „Aerospace Safety Advisory Panel“, се поставува прашањето дали Artemis III мисијата ќе може да го задржи планираниот период на лансирање. 

Според членовите на комитетот кој е независен дел од NASA, а врз основа на состанокот со директорите од SpaceX, мисијата нема да може да биде лансирана во 2027 година. 

Се верува дека одложувањето ќе биде повеќе години, а нема конкретни проценки колку години. 

Причината за овој заклучок е недоволната подготвеност и развој на Starship системот за повторно полнење со гориво во орбитата на Земјата, нешто што мора да се направи за HLS – Human Landing System верзијата од Starship да може да слета на Месечината. 

Кога ќе се земат во предвид тест летовите на Starship, иако има и успешни, сепак имаше и доволно неуспешни летови, а тестовите се далеку од фазата која би претходела за извршување на мисија до Месечината. 

Постојат шанси проблемите да бидат решени полесно од што се верува сега, но ќе мора да почекаме и да видиме колку долго ќе биде одложувањето на Artemis III мисијата и се надеваме дека нема да биде на неопределено.

ИЗВОРExtremeTech
ИЗВОР 2Space News
Претходна статијаGoogle го „призна“ тргањето на видеа и канали од YouTube под притисок на администрацијата на Бајден поврзани со COVID-19
Следна статијаАнализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2024 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.