Фото: Shutterstock.com

Изминатиот период NASA ги зголеми шансите за судар со Земјата на еден од астероидите и другите тела кои ги следат. Астероидот 2024 YR4 имаше шанса за судар со Земјата во 2032 година од 3,1%, што се смета за највисоката шанса досега регистрирана од страна на агенцијата за тело со оваа големина. 

Сепак, најновите пресметки покажуваат дека дури и тој мал ризик не останува во толкав процент, па сега шансите за судар се незначајни, односно околу 0,004%. 

Тоа што истакнуваат од NASA е дека остануваат малите шанси астероидот да се судри со Месечината, на истата дата, односно декември 2032, а ризикот за тоа е 1,7%. 

Секако ова се доста мали шанси, а од агенцијата следат повеќе тела чии патеки се блиски со Земјата. 

„NASA значително го намали ризикот од астероидот 2024 YR4 како закана за удар во Земјата во предвидлива иднина. Кога првпат беше откриен, астероидот 2024 YR4 имаше многу мала, но забележлива шанса да ја погоди нашата планета во 2032 година. Како што продолжија да се доставуваат набљудувања на астероидот до Центарот за мали планети, експертите од Центарот за проучување на објекти блиски до Земјата при Лабораторијата за млазен погон (JPL) на NASA успеаја да пресметаат попрецизни модели на траекторијата на астероидот и сега утврдија дека нема значителен потенцијал овој астероид да ја погоди нашата планета во следниот век.“ – истакнаа од NASA. 

ИЗВОРNASA
Претходна статијаNothing го најави претставувањето и го прикажа дизајнот на Phone (3a)
Следна статијаНајновиот број на „Лице в лице“: Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.