new-notification-center-win10

На вториот ден од Build 2016, Microsoft најави новини поврзани со Центарот за известувања и целиот систем за известувања достапен во Windows 10 на компјутерите и мобилните телефони.

Овој центар ќе добие многу подобар дизајн, но и функционалност. Презентирани беа некои од новините, меѓутоа денес ќе бидат покажани многу повеќе работи поврзани со „живите плочки“ и известувањата на посебна сесија најавена минатата недела.

Од она што беше прикажано може да се види дека во центарот за известувања, известувањата ќе бидат прикажувани издвоени во форма на карти, нешто што се покажа како навистина добро во Android.

Vd9Rq1X

Известувањата ќе покажуваат повеќе информации, ќе имаат слики, а како и досега, ќе може да се одговара на нив директно од картите.

Новиот Центар за известувања ќе биде достапен на сите уреди, вклучувајќи ги и мобилните, па корисниците на оваа платформа ќе ги добијат барем дел од барањата за овој центар којшто сега делува доста едноставно.

Она што е уште поинтересно е втората најава за известувањата. Тие во некоја од поновите верзии од Windows 10 ќе добијат можност за синхронизација меѓу уредите, како и со Android.

Оваа можност значи дека добиените повици, пораки, како и останати известувања на мобилниот или некој друг уред, ќе може да се видат директно од десктоп компјутерот, на пример.

На почеток оваа функција треба да биде воведена преку Cortana, но се најавува и подлабока интеграција со оперативниот систем.

Овие известувања, исто така ќе имаат можност да бидат „разрешени“ (dismissed) на сите уреди од еден уред. Ова значи дека кога ќе проверите едно известувања на вашиот компјутер, на пример, известувањата ќе се означат како проверени на сите други уреди. Во време кога сите имаме во просек по 2-3 уреди, сега се случува да истите известувања ги тргаме на сите од нив посебно, иако се веќе отворени на еден од уредите.

Извор: Windows Central (1), (2), The Verge

Главна слика: Windows Central

Претходна статијаСлеп програмер од Microsoft разви апликација со која може да го „види“ светот
Следна статијаTesla го претстави Model 3 – Моделот кој треба да го зголеми интересот за електрични возила
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.